Центарот за истражувачко новинарство СКУП - Македонија, утре (среда, 19 октомври) организира дебата на тема „Истражувачко новинарство - за да се дознае вистината“, која ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот, со почеток во 11:00 часот.
Дебатата е дел од регионалниот проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, чиј што национален партнер е МИМ. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Дневниот ред може да го погледнете тука.
Се чита за 0 мин.
Новости
Обука за административно и финансиско водење на европски проекти, беше организирана од страна на МИМ за претставници од невладините организации кои се доботници на грантови во рамки на проектот #Реформедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медумската сфера.
Се чита за 0 мин.
МИМ објавува повик за доделување грантови за граѓански организации, професионални здруженија и еснафски организации на новинари и медиумски работници, со цел да се зголеми влијанието на граѓанското општество во насока на зајакнување на интегритетот на медиумите во земјава.
Се чита за 0 мин.
Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана ги покануваат сите заинтересирани кандидати кои имаат истражувачко искуство и познавања на медиумската, научната и граѓанската сфера да се пријават на јавниот повик за учество во работилница за истражување и спроведување на акциски истражувања во областа на медиумите во земјава. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот #РеФорМедиа, кој е финансиран од Европската Унија, а кофинасирањето е обезбедено од Британската амбасада во Скопје.
Се чита за 0 мин.
Новинарот Борис Георгиевски ја освои првата награда на годинешниот конкурс за „Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство“, за серијалот текстови на тема „Досие ’Телеком‘“, објавени на интернет-страницата „Призма“. Сторијата ги обелоденува случувањата поврзани со корупциската афера „Телеком“ и бројните контроверзии кои ги следат работењето на компанијата и односите со македонскиот политички врв од 2001 година наваму.
Се чита за 0 мин.
МИМ во партнерство со Мировниот институт од Љубљана,Словенија, во следните три години (2016-2018), ќе го спроведува проектот „#ReForMedia– Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”. Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанското општество во развојот и спроведувањето на медиумските реформи во земјата. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Европската Унија.
Се чита за 0 мин.
Сите новинари кои во 2015 година продуцирале и објавиле истражувачки стории кои известуваат за општествени прашања поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 30 март 2016 година.
Се чита за 0 мин.
Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“.
Се чита за 0 мин.
Отворено писмо од Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) до претседателот и премиерот на Турција
Почитуван претседател Ердоган и премиер Давутоглу,
Загрижени сме поради тоа што вашата влада користи методи спротивни на едно демократско општество, со намера да изврши притисок врз медиумите и тие да се усогласат со владините политики.
Се чита за 0 мин.