Новости

2epizoda

Документарец за сопственичките и финансиските модели на највлијателните ТВ-канали, во Македонија, во Хрватска и во Словенија

Зошто Македонија не е атрактивна за странски инвестиции во медиумите? Каков е профилот на медиумските сопственици во Македонија, споредено со Хрватска и со Словенија? Кои сопственички модели може да придонесат кон поголема независност и развој на медиумите? Одговорите на овие прашања погледнете ги во втората епизода од серијалот документарци „Медиуми за граѓаните“.
Се чита за 0 мин.
Pic EU Parliament 001

Лажните вести и медиумската писменост во фокус и на европските институции

Нефункционалноста на медиумските пазари, нетранспарентното финансирање на медиумите, особено од јавни извори, загрозувањето на медиумските слободи и права, растечкиот тренд на лажни вести и медиумската писменост како еден од начините за справување со нив, се во фокусот на интересирањето и на европските институции и на европските медиумски организации коишто го следат развојот на медиумската сцена во земјите од Западен Балкан. Ова беше констатирано на повеќе состаноци со европските парламентарци, високи претставници на европските институции и на повеќе меѓународни медиумски организации во Брисел со кои се сретнаа претставниците од медиумските организации од регионот на 10 и 11 октомври 2017 година, во рамки на проектот „Партнерство за развој на медиумите на Југоисточна Европа“. Медиумските организации од регионот, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми, остварија средби со европратеничката Ренате Вебер, со главниот советник за медиуми и граѓански сектор во Директоратот за проширување на Европската Комисија (DG NEAR), Андрис Кестерис, со претставници од Секторот за комуникациски мрежи, содржини и технологија на ЕК (DG CNECT), како и со повеќе меѓународни новинарски и медиумски организации - Европската федерација на новинари, ЕАВИ и Глобалниот форум за медиумски развој. На состаноците беше презентирана состојбата со слободата на медиумите, а беа претставени и истражувањата за работничките права на новинарите, како и за образовните потреби на новинарите и медиумската писменост, што беа спроведени во сите држави каде што се спроведуваа активностите. Проектот е финансиран од Европската Комисија, а го раководи Центарот за независно новинарство од Романија во партнерство со Медиумскиот институт на Албанија, организациите Медијацентар и Медиумски иницијативи од Босна и Херцеговина, Медија центар - Белград и Медија и реформ центар - Ниш од Србија, Медиумски институт на Црна Гора, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми од Бугарија.
Се чита за 1 мин.
Dok.r.m

Објавен првиот документарец од серијалот „Медиуми за граѓаните“

Серијалот „Медиуми за граѓаните“ се занимава со прашањата каква е програмската понуда на најгледаните телевизии, квалитетот и разноликоста на програмата, колку медиумите ги промовираат демократските вредности во општеството, плурализмот и транспарентноста, дали работат во интерес на граѓаните и каква е иднината на аудиовизуелната индустрија во земјава? Првата епизода нуди споредбен приказ за програмската понуда на комерцијалните терестријални телевизии на национално ниво во Република Македонија, во Хрватска и во Словенија, како и предлог - решенија како да се подобри квалитетот и програмската разновидност на телевизиите кај нас.  Документарците се продуцираат како дел од проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува МИМ во соработка со Мировниот институт од Љубљана, Словенија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.
Се чита за 0 мин.
Povik.web Compressor

Повик за ангажирање продукциска куќа

Македонскиот институт за медиуми(МИМ) има потреба да ангажира продукциска куќа којашто ќе произведе видео и аудио записи/спотови на теми поврзани со медиумската писменост. Продуцираниот материјал ќе се користи во рамки на медиумска кампања за унапредување и подобро разбирање на концептот на медиумската писменост во Р.Македонија. Целта на кампањата е граѓаните да научат како критички да ги гледаат, анализираат и проценуваат пораките коишто доаѓаат од различни медиуми, со цел подобро да се информираат и поангажирано да учествуваат во општествените процеси. Продукциските куќи коишто ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги: Да произведат вкупно 10 видео и аудио записи/спотови на теми поврзани со медиумската писменост, од кои 7 видеа (во поединечна должина до 2 минути) и 3 аудио записи (во поединечна должина до 1 минута); Форматот на продукцијата да биде соодветен за емитување на ТВ, на радио и на социјалните мрежи; Да понудат креативна и оригинална изведба на идејата, што може да вклучува различни жанрови и технички стилови (како на пример анимирано видео, скеч, видео наратив итн.); Да бидат подготвени да соработуваат со тимот на МИМ околу прецизирање на темите и подготовка на сценаријата. ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда, во која се презентирани информации за досегашната работа и капацитетот на компанијата, опис на идејата и финансиска понуда.Понудите да се достават на следниот е-маил: ivonae@mim.org.mk; РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Повикот е отворен до 16 октомври, 2017 година (до 15 часот).
Се чита за 0 мин.
Sloboda2

Коментари од МИМ и од ИКС кон Предлог-законот за изменување и дополнување на ЗААМУ

Коментари од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и од Институтот за комуникациски студии (ИКС) кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) 11 септември, 2017 година, Скопје Почитуван министре Манчевски,Во продолжение Ви ги доставуваме нашите коментари и предлози со цел подобрување на текстот на Предлог--законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги((ЗААМУ) Предлог-законот вклучува најголем дел од забелешките нотирани во нашите досегашни реакции и предлози за измени на ЗААМУ кои се однесуваат на поставеноста и функционирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Јавниот сервис-МРТ. Предлагаме мандатот на членовите на Советот на АВМУ да биде 6 или 7 години, без право на повторен мандат (член 15 од ЗААМУ). На тој начин ќе се оневозможи „врзување“ за позицијата на долг рок, што беше и се уште е пракса во сегашниот совет (со оглед на тоа што со секое донесување на нов закон, дел од членовите на Советот повторно добиваа нов мандат). Сметаме дека членовите 62а и 62б во предложениот закон, кои се однесуваат на политичкиот плурализам во вестите, во дебатите, во дневно-информативните и во контактните емисии, се непотребни и треба да се избришат. Потребно е да се отвори стручна дебата со цел да се утврди дали и на кој начин може да се унапреди политичкиот плурализам во медиумските содржини, преку објективно, непристрасно и избалансирано информирање со еднаков третман на различните гледишта(член 61 од актуелниот ЗААМУ). Предлагаме во членот 16 од ЗААВМУ (услови за именување) да се вметне дополнителен критериум во ставот 2, во алинеите 1 и 2, со кој ќе се прецизира дека за членови на Советот на АВМУ не може да бидат именувани лицата кои се наведени во продолжение и кои ги извршувале или биле активни на наведените позиции и функции во последните 5 години.   Истиот критериум треба да важи и за Надзорниот одбор на МРТ (ЗААВМУ, член 127, алинеи 1 и 2), каде предлагаме да се вметне одредба дека за негови членови не може да бидат именувани лица кои се наведени во продолжение и кои ги извршувале или биле активни на наведените позиции и функции во последните 5 години. Веруваме дека ова ќе придонесе кон поголема департизација и деполитизација и на Советот на Агенцијата и на управните органи на МРТ.   Потребно е појаснување во однос на членот 29 од Предлог-законот за ААВМУ, кој се однесува на член 105, став 3 од ЗААВМУ (финансирање на МРТ), во кој како дополнителен извор на средства на МРТ се наведуваат и средствата остварени од емитување на аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации. Со оглед на тоа што со овој Предлог-закон се предлага укинување на радиодифузната такса и на комерцијалното рекламирање на јавниот сервис, потребно е да се прецизира што точно се подразбира под „аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации“. Не го поддржуваме укинувањето на радиодифузната такса и сметаме дека финансирањето на Јавниот сервис од Буџетот на Р.М. е погрешно решение. Веруваме дека со подобрувањето на програмската понуда и со департизацијата на раководните органи на МРТ, ќе се подобри и гледаноста и наплатата на радиодифузната такса. Впрочем, радиодифузната такса е јавна давачка во сите европски земји( исклучок се само Бугарија, Косово и Црна Гора). Сметаме дека е потребно прво да се утврдат потребите на јавниот сервис од програмски и од финансиски аспект и (евентуално) да се утврди износот на буџетски средства со кои еднократно (или во ограничен период) ќе и се помогне на МРТ да ги зајакне техничките капацитети.Потсетуваме дека со измените на ЗААВМУ од 2017 година е предвиден посебен канал на албански јазик, за што во моментот не постои финансиска конструкција. Собранискиот канал треба да биде под целосна одговорност на Собранието на Р.Македонија. Јавниот сервис не треба да биде одговорен за уредувачката политика на овој канал, и тој не треба да се користи за емитување на други програми освен содржини кои се поврзани со работата и функционирањето на Собранието на Р.М. Со почит, Македонски институт за медиумиИнститут за комуникациски студии
Се чита за 2 мин.
Povik.web Compressor

Повик за ангажирање продукциска куќа

Македонскиот институт за медиуми има потреба од ангажирање на продукциска куќа која ќе произведе документарни видео-стории на теми поврзани со медиумски истражувања, што се изработуваат во рамки на проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации, институциите и граѓаните заспроведување реформи во медиумската сфера“. ЦЕЛ: Документарните видео-стории треба да ги претстават клучните пораки и поенти од истражувањата на поедноставен начин, што ќе биде јасен и разбирлив за пошироката публика, а не само за стручната јавност. На тој начин, би се подигнала јавната свест за повеќе проблематични теми во медиумската сфера, а граѓаните би се мотивирале да се залагаат и да ги поддржуваат реформите во медиумите во насока на зајакнување на нивната независност и професионален интегритет.КРИТЕРИУМИ: Продукциските куќи што ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги:   Да произведат 10 видео-стории на теми што произлегуваат од акциските истражувања спроведени во рамки на проектот #ReForMediaMKD; Видео-сториите треба да имаат информативно-документаристички пристап, при што ќе се засноваат на наоди и клучни препораки од            истражувањата и ќе вклучуваат интервјуа со релевантни соговорници на темата; Видео-сториите треба да бидат произведени во ХД технологија, прилагодени за телевизиско и интернет емитување; Видео-сториите да бидат со должина од 20 минути; Продукциската куќа да ангажира новинарски и технички кадар за продукција на документарните стории; Продукциската куќа да произведе кратки промотивни видео-најави за претходно промовирање на документарните стории; Сите 10 стории да бидат завршени до јуни 2018 година.  ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда во која детално ќе го претстават своето искуство и капацитетот на тимот кој ќе работи, како и ценовник за предвидените услуги. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Повикот е отворен до 18 септември 2017 година. ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: Ивона Василова, проект асистент: ivonae@mim.org.mk; 02 30 90 144.   #ReForMedia - Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера. Проектот е финансиран од Европската Унија.    
Се чита за 1 мин.
Debata G O

Говорот на омраза да се потисне со повеќе говор дека е неприфатлив

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот д-р Ненад Живановски. Анализата беше претставена на дебатата „Како до ефикасно справување со говорот на омраза“, на која со свои излагања учествуваа и претставници на граѓанското општество од Македонија и Словенија, како и претставници од адвокатската фела. Адвокатот Лазар Сандев, смета дека Јавното обвинителство е неактивно и не покренува иницијативи во насока на заштита на јавниот интерес, во случаи кога се употребува говор на омраза. Тој посочи дека новинарите и политичарите шират говор на омраза, и предупреди дека тоа ќе се случува се додека јавното обвинителство не почне да презема соодветни чекори. Сандев ја поддржува идејата за промена на домашното законодавство и упати да се користи праксата што произлегува од Европскиот Суд за човекови права, бидејќи во Македонија отсуствува судска пракса во оваа област. Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека според нивното искуство етничката, политичката и сексуалната ориентација и родовиот идентитет се доминантните основи за појава на говорот на омраза. „Хелсиншкиот комитет редовно се обраќа до Јавното обвинителство, но резултатите се поразителни. Во 2016 година немало ниту една постапка, а во Основниот суд се води само еден случај, кој се уште нема разрешница...“, објаснува Брмбеска. Таа потенцираше дека се соочуваат со сериозни проблеми да закажат состаноци со Јавното обвинителство и изрази сомневање дека или не го препознаваат говорот на омраза или не ја препознаваат границата каде завршува слободата на изразување, а каде почнува говорот на омраза. Бранкица Петковиќ од Мировниот Институт од Љубљана, истакна дека и во Словенија законодавството е порестриктивно од самиот Устав, а Јавното обвинителство, исто така, не е многу проактивно, иако процесуира повеќе случаи отколку во Македонија. Сепак, таа посочи дека е потребно да се смени свеста, а граѓанското општество треба проактивно да демонстрира дека ниту еден напад нема да помине неказнет. „Меѓутоа мора да има симбиоза со медиумите. На говорот на омраза, треба да му се спротивставиме со повеќе говор дека тој е неприфатлив“, заклучи Петковиќ. Дебатата се организираше во рамки на проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество,институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува МИМ во соработка со Мировниот институт од Љубљана, Словенија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Фото-галеријата од настанот е достапна тука.  
Се чита за 1 мин.
Konf.cover1

Влезот на специјализирани странски компании во телевизискиот бизнис ќе обезбеди поквалитетна програма и поголема независност

За разлика од Македонија, каде комерцијалните терестријални телевизии на државно ниво се исклучиво во „домашна“ сопственост, највлијателните комерцијални медиуми во Хрватска и во Словенија се во рацете на меѓународните медиумски групи - Централноевропски медиумски претпријатија (ЦМЕ) и РТЛ, што им овозможува поголема независност од политичките и бизнис центрите на моќ. Ниту една од компаниите кои се јавуваат како сопственици на највлијателните телевизии во Македонија не е регистрирана дека се занимава со медиумскиот бизнис како со основна дејност. Наспроти тоа, ТВ-каналите кои се во сопственост на ЦМЕ и РТЛ групите во Хрватска и во Словенија посветуваат особено внимание на развивањето на медиумскиот бизнис на различни платформи, што го наметнуваат новите технолошки трендови и барањата на публиката.  Ова се некои од заклучоците кои произлегоа од анализата на Македонскиот институт за медиуми, „Сопственички и финансиски модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија“, што беше претставена на конференцијата „Иднината на комерцијални терестријални ТВ-канали на национално ниво:  Која е формулата за успех?“. На настанот беше презентирана и анализата „Програмска разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија“, од која произлезе дека на повеќето комерцијални терестријални ТВ-канали на државно ниво во Македонија доминира еднолична и неатрактивна програмска понуда, која ја пополнуваат многу турски серии и забавна програма од српско производство, а од друга страна во програмската шема многу малку е застапена домашната продукција, која што е од послаб квалитет и не е конкурентна со останатите медиумски содржини. Наспроти тоа, и на хрватските и на словенечките ТВ-канали доминираат забавните, реалити емисиите, како и информативните изданија, кои, пак, се и меѓу 10-те најгледани програмски содржини генерално. И во двете држави, кои беа земени за споредба во истражувањата, на највлијателните ТВ-канали многу се вложува во домашната продукција, а овие програми високо котираат на листите на гледаност. Настанот го отвори Шефот на Делегацијата на ЕУ, Амбасадорот Жбогар кој рече дека на релативно мали медиумски пазари, медиумскиот бизнис и регулаторите имаат специфични предизвици, кои што „често отвораат можности за влијанија“. „Затоа е важно, медиумската сопственост и медиумското финансирање да бидат транспарентни. Исто така, е важно, регулаторот да има авторитет, капацитет и механизми да ги заштити својата независност и професионалност,“ нагласи амбасадорот. Тој ја истакна улогата на граѓанските организации, кои „треба да зборуваат слободно и да се вклучат во отворен, инклузивен и ефективен јавен дискурс“, како и на Советот за етика во медиумите на Македонија, кој треба да им помогне и да ги насочува сите засегнати страни во медиумската сфера како да ги почитуваат професионалните стандарди. „Соработката на медиумскиот бизнис со цел да се осигура транспарентност на одлуките и самоволна само-корекција е важна цел“, додаде Шефот на Делегацијата на ЕУ. На конференцијата говореше и новиот министер за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, за кого е клучно никој да нема никакво влијание врз медиумите и медиумската индустрија. „Ниту владата има потреба да влијае, ниту смее, ниту пак опозицијата. Сите треба подеднакво да бидат застапени, а медиумите подеднакво да се отворени за политичките субјекти, за граѓанското општество...“, истакна министерот Поповски. Во првата сесија во која се дискутираше за сопственичките и финансиските модели на највлијателните комерцијални национални ТВ-канали, говореше директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски, претседател на Македонската медиумска асоцијација. Тој, вината за нарушениот телевизиски пазар и нестабилната финансиска состојба на ТВ каналите ја наоѓа во државата и институции кои овозможиле спуштање на критериумите за добивање дозволи за национални и локални ТВ-канали. Иван Ловречек, заменик-претседател на Управата на РТЛ, Хрватска, се осврна на работата на РТЛ ТВ наведувајќи дека инвестициите од меѓународните медиумски групации овозможуваат пренесување на современите трендови, стандарди и знаење од медиумската пракса во развиените земји. Од друга страна, финансиската независност и стабилност, што ги овозможуваат меѓународните медиумски групации го прават медиумот поотпорен на какви било влијанија врз уредувачката политика. Комерцијалните ТВ-канали ќе покажат интегритет, став и се она што е потребно за т.н. политичка независност, во оној момент кога ќе имаат доволно средства да опстојат на пазарот, смета Милан Ф. Живковиќ, поранешен советник за медиумска политика во Министерството за култура на Хрватска. Според него се поприсутен е трендот на пораст на огласувањето на интернет за сметка на огласувањето на телевизиите. Во богатите земји како што е Обединетото кралство, таа миграција на интернет веќе е фактичка, додека во земјите од централна и источна Европа тој процес се одвива побавно, додаде Живковиќ. Во однос на програмската разновидност на највлијателните ТВ-канали во трите држави, Атанас Кировски, директор и главен уредник на ТВ Телма, истакна дека телевизијата освен тоа што има комерцијална дејност има и општествена одговорност кога станува збор за програмата што им се нуди на граѓаните. „Ние чувствуваме општествена одговорност да им покажеме на луѓето, кои беа оскаровците во 2016, кои се победниците на филмските фестивали во Кан и во Венеција “, вели Кировски. Според него, владиното рекламирање и несразмерната распределба на буџетските средства за огласување бил најголем проблем со  кој се соочила ТВ Телма на медиумскиот пазар во изминатиот период. Домашната продукција е нешто без што ниту една телевизија не може да помине кај публиката во Словенија, посочи Томаж Перовиќ, поранешен директор на вести и спорт во ПОП ТВ и Планет ТВ. „Минатата година имавме ситуација кога практично немаше вечер, кога на секоја комерцијална телевизија немаше барем една емисија која е од локална продукција“, додава Перовиќ. Лазо Петрушевски, претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочи дека заштитата и развојот на плурализмот во медиумите се едни од основите надлежности на Агенцијата. Кога станува збор за плурализмот во медиумите Петрушевски смета дека има простор за дополнителни подобрувања на медиумската регулатива, особено од аспект на работата на надлежностите на Советот на Агенцијата. Ова е прва конференција во рамки на проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество,институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува МИМ во соработка со Мировниот институт од Љубљана, Словенија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Во прилог може да ги погледнете извештаите од двете анализи, како и презентациите на гостите од Хрватска и од Словенија. Фото-галеријата од настанот е достапна тука.
Се чита за 3 мин.
DSC 3430

Препораки и согледувања: Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на јавноста

Речиси 20 години се вложуваат многу напори и ресурси во развојот на капацитетите на новинарите во Југоисточна Европа. Резултатите сè уште се далеку од задоволителни и новите случувања во медиумскиот сектор и во светот, на еден начин ги прават овие напори очигледно недоволни. Проектот „Партнерство на ЈИЕ за развој на медиумите“ го истражува начинот на кој земјите во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија) се подготвени да се справат со овие нови предизвици. Студијата беше спроведена во петте земји од март 2016 година до февруари 2017 година, и истата беше дискутирана во рамките на Регионалната конференција за „Медиумска писменост и образовни потреби на новинарите и јавноста“, која се одржа во Скопје, на 28 и 29 март 2017 година. Препораките и согледувањата од дводневната конференција се прикачени во прилог.
Се чита за 0 мин.