Македонски институт за медиуми Македонски институт за медиуми
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
  • MK
  • EN
Nagrada NIKOLA MLADENOV 2022 Cover Slika 850x470px 02

Новинарски награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2022“

27/01/2023

Македонскиот институт за медиуми го објавува конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“. Ќе бидат доделени три годишни награди во следните категории:

  • Најдобра истражувачка сторија
  • Најиновативен новинарски производ
  • Најдобра репортерска фотографија

На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2022 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу 3 различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу 3 фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

Како и досега, пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

Критериуми за избор

А. Наградата за најдобра истражувачка сторија ги поддржува и ги промовира сториите кои:

  • откриваат теми што се значајни за пошироката јавност, а се однесуваат на организиран криминал, корупција, злоупотреба на моќта и прекршување на човековите права;
  • демонстрираат темелно новинарско истражување, поткрепено со факти, докази и со изјави од повеќе релевантни извори и соговорници;
  • ја презентираат темата на разбирлив начин, преку оригинален новинарски стил на изразување;
  • настојуваат да иницираат институционално разрешување на незаконски дејства и на злоупотреби направени од поединци или институции;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.

Б. Наградата за најиновативен новинарски производ ги поттикнува и ги промовира новите форми на новинарско изразување, каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел сториите да допрат до граѓаните, да ги едуцираат и да ги поттикнат да се ангажираат во решавање важни прашања од јавен интерес. Особено се охрабруваат новинарски производи што:

  • успешно вклучуваат мултимедијални формати и креативни начини на раскажување/изразување (на пример, известување со користење мобилен телефон, вклучување аудио и видеоформати во текстот и сл.);
  • користат нови начини на досег до публиката или до различни сегменти од публиката (до различни возрасни групи, маргинализирани групи итн.);
  • користат нови начини/апликации за интеракција и за вклучување на публиката во изработката на сториите;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.

В. Наградата за најдобра репортерска фотографија ги наградува и ги промовира професионалните фоторепортери кои:

  • пријавиле фотографии што се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2022) година, објавени во медиуми што се регистрирани и работат во нашата земја;
  • демонстрираат исклучителна креативност и естетски израз;
  • не користеле техники на визуелна манипулација при фотографирањето, освен корекција на форматот (crop), корекција на светлина, боја и контраст (основни панел-алатки во Photoshop и LightRoom);
  • доставените фотографии да се во дигитален .jpg формат, со 300 dpi резолуција;
  • минималната резолуција на фотографијата да не е помала од 2.000 пиксели на подолгата страна;
  • содржат информации за метадата;
  • фотографијата мора да е авторско дело на пријавениот кандидат, а еден автор може да испрати најмногу до 3 фотографии.

На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 40.000 денари, поединечно.

Конкурсот е отворен до 1 март 2023.

Пријавите треба да се поднесуваат на novinarskinagradi@mim.org.mk со назнака: Пријава за новинарските награди „Никола Младенов 2022“.

Пријавата се состои од:

  • Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог)
  • Фотографија (доколку се аплицира за Најдобра репортерска фотографија)

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ на: 3090 144 или преку е-пошта: novinarskinagradi@mim.org.mk


docxА-Формулар за аплицирање за најдобра истражувачка сторија33.72 KB

docxБ-Формулар за аплицирање за најиновативен новинарски производ33.75 KB

docxВ-Формулар за аплицирање за најдобра репортерска фотографија33.22 KB

 

Web Phot 1

Квалитетно информирање за поголема доверба во вакцините

14/12/2022

Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување до поголема доверба во вакцините, беше фокусот на дискусијата во рамки на конференцијата што ја организираше МИМ, во партнерство со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Министерството за здравство, и со поддршка од УСАИД.

 web phot 3

Настанот го отвори министерот за здравство, Беким Сали, а во дискусиите учествуваа реномирани лекари, фармацевти, експерти за комуникации и новинари, кои се осврнаа на актуелната состојба и приоритети со цел подобрување на информираноста на граѓаните во врска со вакцините.  

web phot 2

Во рамки на конференцијата беше презентирана предлог-стратегија за поставување систем за управување со погрешни информации во врска со Ковид 19 и редовната вакцинација на деца, што ќе ја имплементира Министерството за здравство, а е изработена низ процес на широки консултации со сите релевантни чинители, вклучувајќи ги здравствените институции, граѓанскиот сектор и медиумите.

P D 1 26 10

Медиумска писменост - механизам за справување со предрасудите и стереотипите меѓу младите

26/10/2022

Како образованиот систем и медиумите можат да придонесат во справувањето со стереотипите и предрасудите меѓу младите беше тема на панел-дискусијата „Преку медиумска писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“ што ја организираа Македонскиот  институт за медиуми и ИРЕКС.

Наставници, новинари и активисти кои беа учесници на панелот споделија нивни искуства од работата со ученици, студенти и други групи млади кои се справуваат со стереотипи на најразлична основа, во реалноста и онлајн. Наставниците, професорите и граѓанските активисти зборуваа за механизмите во рамки на образовниот систем, додека новинарите дискутираа која е улогата на медиумите и на медиумската писменост во разобличувањето на овие феномени.

p d 2 26 10

Повеќе студенти и ученици присутни на настанот ја истакнаа важноста на медиумската писменост за личниот и професионалниот развој на младите, што е особено значајно за новата медиумска реалност во која живееме, но и за создавање кохезија во мулитиетнички општества како нашето. Присутните панелисти и гости ја нагласија потребата од вклучување на медиумската писменост во формалното и во неформалното образование, како еден од начините за справување со овие негативни феномени.

Овој настан е дел од активностите на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а се организираше во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022.

Web Vest

Преку координираност и меѓусекторска соработка до зголемување на свесноста за имунизација и справување со дезинформациите

06/09/2022

Потребна е стратешка комуникација на здравствените институции со јавноста и новинарите, подобра меѓуинституционална поврзаност и меѓусекторска соработка со цел да се подигне свесноста и информираноста за имунизација и за адресирање на дезинформациите. Неопходно е да се поттикне поголема вклученост на медиумите во едукативни активности за значењето на имунизацијата кај децата и кај општата популација и континуирано да се зајакнуваат капацитетите и информираноста на новинарите и на уредниците од оваа област. Ова се некои од препораките кои произлегоа од дискусијата во рамки на настанот „Справување со дезинформациите околу вакцинацијата – потреби и предизвици“, што го организираше Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, а со финансиска поддршка од УСАИД.

Овој настан го означува почетокот на повеќе активности преку кои новинарите и претставниците на здравствените институции и други релевантни чинители треба да ја унапредат комуникацијата и да разменуваат искуства со цел зголемување на свесноста и мотивираноста на граѓаните за потребата од имунизација, како и за справување со дезинформациите од областа на здравството.

Активностите ќе траат до ноември 2022 година и во нив ќе бидат вклучени новинари од најрелевантните медиуми во земјава, како и претставници од Министерството за здравство, Националната комисија за имунизација, Комисијата за заразни болести, педијатри, експерти за вакцини и експерти за медиуми и комуникации.

Nagrada NIKOLA MLADENOV 2021 Cover Slika

Новинарски награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2021“

07/02/2022

Македонскиот институт за медиуми го објавува конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2021“. Ќе бидат доделени три годишни награди во следните категории:

  • Најдобра истражувачка сторија
  • Најиновативен новинарски производ
  • Најдобра репортерска фотографија

На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2021 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу 3 различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу 3 фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

Како и досега, пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

Критериуми за избор

А. Наградата за најдобра истражувачка сторија ги поддржува и ги промовира сториите кои:

  • откриваат теми што се значајни за пошироката јавност, а се однесуваат на злоупотреба на моќта и на прекршување на основните човекови права од институциите, на корупција и на организиран криминал;
  • демонстрираат темелно новинарско истражување, поткрепено со факти, докази и со изјави од повеќе релевантни извори и соговорници;
  • ја презентираат темата на разбирлив начин, преку оригинален новинарски стил на изразување;
  • настојуваат да иницираат институционално разрешување на незаконски дејства и на злоупотреби направени од поединци или институции;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.

Б. Наградата за најиновативен новинарски производ ги поттикнува и ги промовира новите форми на новинарско изразување, каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел сториите да допрат до граѓаните, да ги едуцираат и да ги поттикнат да се ангажираат во решавање важни прашања од јавен интерес. Особено се охрабруваат новинарски производи што:

  • успешно вклучуваат мултимедијални формати и креативни начини на раскажување/изразување (на пример, известување со користење мобилен телефон, вклучување аудио и видеоформати во текстот и сл.);
  • користат нови начини на досег до публиката или до различни сегменти од публиката (до различни возрасни групи, маргинализирани групи итн.);
  • користат нови начини/апликации за интеракција и за вклучување на публиката во изработката на сториите;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.

В. Наградата за најдобра репортерска фотографија ги наградува и ги промовира професионалните фоторепортери кои:

  • пријавиле фотографии што се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2021) година, објавени во медиуми што се регистрирани и работат во нашата земја;
  • демонстрираат исклучителна креативност и естетски израз;
  • не користеле техники на визуелна манипулација при фотографирањето, освен корекција на форматот (crop), корекција на светлина, боја и контраст (основни панел-алатки во Photoshop и LightRoom);
  • доставените фотографии да се во дигитален .jpg формат, со 300 dpi резолуција;
  • минималната резолуција на фотографијата да не е помала од 2.000 пиксели на подолгата страна;
  • содржат информации за метадата;
  • фотографијата мора да е авторско дело на пријавениот кандидат, а еден автор може да испрати најмногу до 3 фотографии.

На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 40.000 денари, поединечно.

Конкурсот е отворен до 7 март 2022.

Пријавите треба да се поднесуваат на novinarskinagradi@mim.org.mk со назнака: Пријава за новинарските награди „Никола Младенов 2021“.

Пријавата се состои од:

  • Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог)
  • Фотографија (доколку се аплицира за Најдобра репортерска фотографија)

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ на: 3090 144 или преку е-пошта: novinarskinagradi@mim.org.mk

docx1.Формулар за аплицирање за најдобра истражувачка сторија32.09 KB

docx2.Формулар за аплицирање за најиновативен новинарски производ32.07 KB

docx3.Формулар за аплицирање за најдобра репортерска фотографија31.72 KB

Hackathon Mk 1 Web

Млади иноватори со идеи за превенирање на „тролингот“ и едукација за медиумската реалност

29/04/2021

hackathon mk 1 web

„Не се тролај“ е победничката идеја на тридневниот хакатон, на кој учествуваа млади луѓе од неколку градови од Македонија, поделени во 3 тима. Најдоброто предлог-решение го третира проблемот со „тролингот“ на социјалните медиуми, како еден од најчестите облици на сајбер малтретирање по различни основи. Победничкиот тим понуди решенија за креирање и промовирање на „troll-free“ средини на социјалните медиуми, преку утврдување кодекс на однесување што ќе го превенира „тролингот“, особено кон девојчиња и жени активни на социјалните медиуми. Целта е да се воспостави еден вид саморегулација на различните заедници на социјалните медиуми, кои треба да го прифатат кодексот на однесување за да станат и да бидат обележани како „troll-free“ средини, безбедни за корисниците.

И преостанатите два тима понудија исклучително квалитетни и интересни идејни решенија на тема „Јуниор Детектив“ и „Избери ги твоите вести“. Идејата „Јуниор детектив“ нуди сет од решенија за едукација на учениците за основните принципи на медиумската писменост преку едукативни игри, разговори со нивните омилени инфлуенсери  и кратки интерактивни предавања за светот на медиумите и медиумската реалност. „Избери ги твоите вести“ претставува идејно решение за мобилна и десктоп апликација која ќе понуди едукација за медиумската писменоста и алатки за информирање на младите околу можностите за поактивно вклучување во јавната сфера.

hackathon mk 4 web hackathon mk 6 web

 

Хакатонот „#YouthForMILSolutions“ се одржа од 26 до 28 април 2021, во рамки на регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиуми“, што го спроведуваат неколку медиумски организации од Западен Балкан, меѓу кои и МИМ, со финансиска поддршка од Европската Унија.

За време на хакатонот, учесниците разменуваа идеи и се натпреваруваа во користење на знаењата од областа на медиумската и информациската писменост. Целта беше да осмислат иницијативи и иновативни решенија за ефективно препознавање и наменско користење на информации од јавно достапните медиумски ss7 webизвори, како и да понудат решенија за сузбивање дезинформации и други негативни појави на дигиталните медиуми. Во текот на првиот ден учесниците се запознаа со неопходните чекорите што треба да се поминат за една идеја да стане реалност, како и со клучните техники за презентирање на  идеите пред заинтересираните страни. Преку практични вежби се подготвуваа за она што следи – осмислување и презентирање на сопствени идејни решенија.

На вториот ден од хакатонот учесниците дознаа корисни совети како да се заштитат од дезинформации и како да ги „продадат“ своите идеи со користење алатки за визуелизација и за креирање мултимедијални презентации.

За време на финалниот работен ден, младите иноватори ги финализираа идејните решенија и ги презентираат пред жирито. Учесниците понудија исклучително квалитетни идеи, детално разработени, со конкретни чекори за реализација.

Предлог-решенијата значително можат да им помогнат на младите во подигнување на свеста и унапредување на знаењето за светот на медиумите, за опасностите кои ги демнат во дигиталната реалност, како и за основите начини на безбедно користење и споделување информации на интернет.

Nis2019 Web Cover

Конкурс за наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија 2019

10/02/2020

Македонскиот институт за медиуми (MИM), по 19-ти пат го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината.

Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2019 година. Новинарите, редакциите и медиумските здруженија, исто така, имаат можност да пријават и истражувачки стории кои биле објавени во други медиуми од нивни колеги-новинари, со нивна согласност.

Не постојат ограничувања во однос на бројот на сториите кои еден новинар, редакција или медиумско здружение можат да ги пријават на конкурсот.

Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од:

- 30.000 денари за првонаградената сторија;

- 20.000 денари за второнаградената; и

- 10.000 денари за третонаградената сторија.

Конкурсот е отворен до 2 март 2020 година, а апликациите може да се испраќаат исклучиво по електронска пошта на: mim@mim.org.mk

За пријавување на конкурсот потребно е да се пополни краток формулар за аплицирање (прикачен во прилог) и да се испрати на наведената е-пошта. За секоја апликација, МИМ задолжително ќе испрати потврда за прием. Доколку некој од апликантите не добие потврда за прием на апликацијата, задолжително треба да се обрати во МИМ пред крајниот рок за аплицирање на конкурсот.

Критериумите за избор на најдобрите истражувачки стории се достапни овде.

МИМ ја доделува Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината во континуитет од 2001 година, со цел да го поттикне и поддржи истражувачкото новинарство, кое се смета за врвно новинарско достигнување и значаен елемент во зајакнувањето на демократијата во секое општество.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на: 02/ 30 90 144; и mim@mim.org.mk

Конкурсот на албански јазик е достапен тука.

docxФормулар за аплицирање14.57 KB

Mccm.cover2

МИМ стартува кампања за поддршка на професионалното новинарство

23/01/2020

Истакнати и почитувани новинари, уредници и медиумски експерти испраќаат пораки за улогата на новинарите и предизвиците со кои се соочуваат, за истражувачкото новинарство, транспарентноста и финансирањето на медиумите, улогата на јавните радиодифузни сервиси, со намера да ги потсетат граѓаните што претставува професионалното новинарство и како да го препознаат во морето информации што стигнуваат до нив.

Кампањата ја подготви и реализираше Македонскиот институт за медиуми, а ќе се емитува во текот на јануари и февруари 2020 година. Целта на кампањата е да ги поттикне граѓаните да инсистираат на професионално и етичко новинарство што му служи на јавниот интерес.

Оваа иницијатива е дел од регионалната кампања за зголемување на свеста за важноста на слободните и професионални медиуми и е дел од проектот „Медиуми за граѓаните - Граѓаните за медиумите“ што се спроведува во Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и во Србија со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

Dmp5

Програма за студенти по новинарство за дигитална медиумска продукција

17/12/2019

Група студенти по новинарство од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“ и „Мајка Тереза“, месецов учествуваат во четиринеделна програма за дигитална медиумска продукција, што ја организира Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Албани асошиејтс од Лондон и Медиацентар Сараево.

Програмата се состои од еднонеделна едукативна работилница, што ја водеа истакнати новинари, уредници и медиумски професионалци, како и тринеделна пракса во неколку медиуми во земјава.

За време на работилницата, преку предавања и вежби, студентите ја истражуваа медиумската сцена и современите трендови во новинарството и се запознаа со телевизијата, но, од „другата страна“ на екранот.

dmp2

Исто така, научија што претставува онлајн новинарство и мултимедија и како е да се биде мобилен новинар - човек редакција.

dmp3

Дека сликата може да вреди и повеќе од илјада зборови, студентите осознаа за време на предавањата за основи на фотографирање и уредување на фотографии.

dmp4

Последниот ден од работилницата беше посветена на интернетот како извор на информации и на вештините за пребарување информации на интернет, препознавање дезинформации и верифицирање на информации.

Програмата се организира во рамки на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“, што го спроведува Албани асошиејтс (www.albanyassociates.com), заедно со регионални организации за развој на медиумите, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми.

Главни цели на проектот се зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци и студентите по новинарство за верификација на информации, проверка на факти, продукција на медиумски содржини, како и унапредување на знаењата за концептот на медиумска и информациска писменост на јавните сервиси и подобрување на нивната способност за реализирање на јавни кампањи за медиумска и информациска писменост. Проектот е финансиран од Британската влада.

 

  • 1
  • 2
Страница 1 од 2
  • За нас
  • Цели и активности
  • Тековни проекти
  • Завршени проекти
  • Управен одбор
  • МИМ тим
  • Извештаи
  • Партнери
  • Архива

Aktiv.mk

  • Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции
  • Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено
  • Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор
  • Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата

mediavac.mk

Поддршка во известувањето – Известување за вакцини*/
  • Како правилно да се разбере и работи научното новинарство Како правилно да се разбере и работи научното новинарство
  • Објаснувачко новинарство за настаните да добијат контекст Објаснувачко новинарство за настаните да добијат контекст
  • Дигитално раскажување на приказни за големо општествено влијание Дигитално раскажување на приказни за големо општествено влијание
  • За MИМ
  • Новости
  • Истражувања
  • Едукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
  • +389 2 30 90 144
  • mim@mim.org.mk
  • Јуриј Гагарин 17-1/1 1000 Скопје, Р. Македонија
© 2023 Македонски институт за медиуми
Македонски институт за медиуми Македонски институт за медиуми
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт