Медиумска писменост - механизам за справување со предрасудите и стереотипите меѓу младите

Се чита за 0 мин.

Како образованиот систем и медиумите можат да придонесат во справувањето со стереотипите и предрасудите меѓу младите беше тема на панел-дискусијата „Преку медиумска писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“ што ја организираа Македонскиот  институт за медиуми и ИРЕКС.

Наставници, новинари и активисти кои беа учесници на панелот споделија нивни искуства од работата со ученици, студенти и други групи млади кои се справуваат со стереотипи на најразлична основа, во реалноста и онлајн. Наставниците, професорите и граѓанските активисти зборуваа за механизмите во рамки на образовниот систем, додека новинарите дискутираа која е улогата на медиумите и на медиумската писменост во разобличувањето на овие феномени.

p d 2 26 10

Повеќе студенти и ученици присутни на настанот ја истакнаа важноста на медиумската писменост за личниот и професионалниот развој на младите, што е особено значајно за новата медиумска реалност во која живееме, но и за создавање кохезија во мулитиетнички општества како нашето. Присутните панелисти и гости ја нагласија потребата од вклучување на медиумската писменост во формалното и во неформалното образование, како еден од начините за справување со овие негативни феномени.

Овој настан е дел од активностите на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а се организираше во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022.