Повик за доставување предлог-проекти: Поддршка на граѓанските организации за медиумска и информациска писменост и медиумски активизам

Се чита за 1 мин.

Македонскиот институт за медиуми објавува повик за доставување предлог-проекти чија цел е подобрување на капацитетите на граѓанските организации во урбани и рурални средини за промовирање на медиумски активизам и справување со дезинформации и поларизација.

Овој повик е дел од регионалниот проект „Нашите медиуми “, што се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, со поддршка од Европската Унија.

Повикот е отворен за граѓански организации во Р.С. Македонија кои првенствено делуваат во областа на медиумите, слободата на изразување или дигитални технологии, како и во областа на образованието, човековите права или родовата еднаквост.

Повикот е отворен и за поединечни апликанти и за предлози за партнерски проекти на развиени граѓански организации со седиште во урбаните средини (во поголемите центри и во главните градови) и на локалните „грасрут” организации коишто функционираат во помалите заедници и во руралните области. Предност ќе им се даде на партнерствата.

Вкупниот буџет предвиден за овој повик изнесува 46.500 евра.

Бараниот грант треба да биде во износ помеѓу најмалку 7.000 и најмногу 15.500 евра.

Не е неопходно ко-финансирање од страна на апликантот (или од кои било ко-апликанти).

Времетраењето на проектот треба да биде од 9 до 18 месеци.

Партнерства склучени помеѓу организации од различни држави нема да се земат предвид во овој повик.

Поединечна граѓанска организација може да се пријави како апликант само еднаш, а може да дејствува како ко-апликант во други проекти од овој повик.

Рокот за доставување на предлог-проекти е 21.02.2024 до 23:59часот.

Апликациите треба да се поднесат по електронски пат на следнава адреса: grantovi@mim.org.mk

Сите прашања во врска со повикот треба да се испратат исклучиво преку е-пошта на: grantovi@mim.org.mk, најдоцна до 16.02.2024 година, до 17:00 часот.

Информативна сесија ќе се одржи онлајн на 26.01.2024 во 14 часот. На следниот линк може да се регистрирате за присуство на информативната сесија: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZEudeutrjMuHtE9olD4s0N14_RUEf-bazAi

Формуларите за аплицирање се достапни во продолжение:

docx1.Опис на проектот.docx88.73 KB
xlsx2.Буџет.xlsx69.81 KBdocx3.Изјава од апликантот.docx18.59 KB
docx4.Овластување од ко-апликантот.docx18.04 KB
docx5.Упатство за аплицирање.docx160.89 KB
Обрнете внимание на листата за проверка во образецот за опис на проектот за други потребни документи што треба да ги достави апликантот или секој од ко-апликантите.

Следните документи се од информативна природа и не треба да се поднесуваат како дел од апликацијата:
docx6.Нацрт-договор.docx84.97 KBdocx7.Нацрт-формулар_за_известување.docx74.06 KBxlsx8.Нацрт-формулар_за_финансиски_извештај.xlsx86.86 KB

Прашања и одговори поврзани со овој повик ќе бидат редовно објавувани овде (линк).

ВИДЕО: Информативна сесија