Истражувања

Analiza Sibvencii

Анализа: Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји

Проблемот со финансирањето висококвалитетни и разновидни содржини во медиумите, структурниот плурализам и разновидноста, е присутен и во Македонија. Медиумскиот пазар во земјава е мал и сиромашени затоа овој проблем се чини дека е уште поизразен. Поради оваа состојба, постои и недостиг на ресурси за квалитетно производство и разновидност на медиумите. Оттаму и дилемата дали новинарството може да одговори на предизвиците ако е оставено само на себе во услови на сѐ понеповолно пазарно опкружување или, пак, му е потребна финансиска инфузија од државата преку насочување дел од јавните средства кон новинарите, односно медиумите. Ова е само е еден од заклучоците од анализата „Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целта на оваа анализа е да се согледаат можностите за евентуално воведување систем на субвенции или друг вид поддршка за медиумите, врз основа на искуствата и практиките од други земји од Европа и од регионот, како и да се анализираат ефектите од досегашната примена на субвенциите или друг вид поддршка за медиумите што се доделуваа во изминатите години. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството2.7 MB
Struk1

Анализа: Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот

Медиумскиот плурализам недоволно јасно се препознава во домашната законската регулатива како регулаторна цел во аудиовизуелната област. Развојот на аудиовизуелниот сектор и на медиумскиот плурализам во Македонија досега не се одвиваше стратегиски, а регулаторот беше оставен самиот да се грижи и да ја имплементира својата стратегиска визија. Дополнително, наследената фрагментираност на пазарот, политичките и индустриските притисоци врз регулаторот влијаеја да се влоши вкупната медиумска слика. Споредбената анализа покажува дека публиката во Хрватска, во однос на Македонија и Црна Гора, има најголем пристап до разновидни општи и специјализирани ТВ-сервиси со домашни содржини. Ова се дел од заклучоците од аналзиата „Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот во Македонија, Хрватска и во Црна Гора“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.   Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам2.41 MB
Analiza210518

Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија кај најгледаните ТВ-канали во Македонија

Основната цел на истражувањето е да се утврди како во новите општествено-политички услови из-вестуваат осум телевизии во Македонија (најгледаните 5 терестријални и една кабелска, како и двата канала на јавниот сервис) од аспект на различноста  во тематската и во жанровската застапеност, нови-нарската ангажираност, застапеноста на различни актери и географската покриеност. Намерата е да се утврди како функционираат јавните гласила во актуелните околности и колку се трудат да му служат на јавниот интерес за поквалитетно и посеопфатно информирање на граѓаните. Анализата е достапна во прилог. Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија2.48 MB
Analiza

Анализа: Политичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди

Kако во иднина да се спречи евентуално повторување на праксата на ексклузивна и привилегирана позиција на одредени политички центри на моќ, како и пропагандистичко претставување на одредени политички партии и идеолошки мислења преку медиумите, е еден од клучните проблеми вo медиумската сфера во Македонија. За време на избори, правичното, избалансирано и непристрасно известување претставува законска обврска на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните медиуми, но проблемот e изразен и хронично се провлекува, особено надвор од изборните периоди. Правичното и разнолико известување, како и изразувањето на различни политички и идеолошки групи, вклучително и на гледиштата и интересите на малцинските групи преку медиумите, се некои од клучните професионални и етички стандарди кои може да придонесат кон постигнување на политичкиот плурализам во медиумите. Политичкиот плурализам, ги подразбира капацитетите и можностите на сите социјални сегменти, со нивните различни политички/идеолошки гледишта и интереси да ја адресираат, односно да стигнат до публиката преку медиумите, како и спектарот политички и идеолошки гледишта, мислења и интереси што се пренесени и презентирани во медиумите. Публикацијата е достапна во прилог. Политичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди2.27 MB
Analiza Mrtv

Компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија

Неопходно е да се отвори јавна дискусија за темелна реформа на сите аспекти на функционирањето на јавниот сервис Македонска радио-телевизија и за натамошниот развој на Куќата, со цел таа да стане современ европски јавен сервис. Изборот на членови на Програмскиот совет на јавниот сервис треба да се спроведува преку јавен конкурс со цел да се намалат директните политички влијанија, а сите засегнати страни треба да ги разгледаат можностите за евентуално зголемување на бројот на членови на ова тело со цел тоа посоодветно да ги претставува различните сегменти и интереси во македонското општество, потоа за директен влез на членови, за ревидирање на забраната за учество на вработени од јавниот сервис, како и за воведување на т.н. скалест мандат на членовите. МРТ треба да ја унапреди транспарентноста за својата работа и да ги развива каналите и механизмите за комуникација со публиката. Ова се главните препораките од компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што ја подготви м-р Љиљана Митевска. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на МК, ХРВ и СЛО2.31 MB
2KK 4864 Compressor

Анализа: Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот д-р Ненад Живановски. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза6.69 MB
2KK 9154 Compressor

Анализа: Сопственички и финансиски модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија

Меѓународните корпорациски компании, како ЦМЕ и РТЛ, кои се добро етаблирани на медиумскиот пазар во Хрватска и во Словенија, им овозможуваат стабилна позиција и финансирање на националните комерцијалните ТВ-канали во нивна сопственост, што се одразува и на поголемата независност на нивните уредувачки политики. За разлика од нив, во Македонија како сопственици на националните комерцијални ТВ-канали се појавуваат исклучиво домашни правни и физички лица. Ниту една од компаниите кои се сопственици на комерцијалните терестријални ТВ-канали на национално ниво не е регистрирана дека се занимава со медиумскиот бизнис како со основна дејност, а дополнителен проблем е што некои од сопствениците немаат доволно разбирање за општествената одговорност што медиумот ја има врз формирањето на јавното мислење. Сопственоста на медиумите во Македонија е формално чиста, но врските на сопствениците со политичките и со бизнис-центрите на моќ, не се и фактички раскинати. Засега, како што се поставени надлежностите на институциите, никој не може, а како што се покажува во практиката – не постои ниту волја да им се влезе во трага на скриените врски што медиумите во заднина ги одржуваат со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Како резултат на тоа, политичките влијанија во некои мошне влијателни национални ТВ-канали, во истражуваниот период беа експлицитно присутни, до степен на нивна злоупотреба за ширење пропаганда. Ова се дел од заклучоците од Анализа на сопственичките и финансиските модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Сопственички и финансиски модели на највлијателните ТВ-канали12.71 MB
2KK 9154 Compressor

Анализа: Програмска разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија

За разлика од Македонија, на хрватските Нова ТВ и РТЛ доминираат забавните, реалити емисиите, како и информативните изданија, кои се и меѓу 10-те најгледани емисии генерално, но и поединечно по телевизиски канали. И на овие два ТВ -канала се прикажуваат турски серии, но тие не доминираат ниту по квантитет ниту во ударното време, каков што е случајот во Македонија. Програмската понуда на Нова ТВ и на РТЛ е богата со многу светски ТВ -серии и филмови, што го овозможуваат финансиски моќните медиумски конгломерати што стојат зад нив и можат да обезбедат богат каталог на светска продукција. Затоа, пак, во Словенија турските серии сосема отсуствуваат од листите на најгледани емисии, а најпопуларни се забавните емисии, информативните програми и домашната продукција. Емисиите од домашна продукција доминираат на најгледаните ТВ -канали. Тие највисоко котираат и на листата на десет најгледани емисии и поединечно по телевизии. Ова се дел од заклучоците од Анализата на програмската разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог. Програмска разновидност на највлијателните ТВ11.24 MB
Med5

Модели за финансирање и управување со јавните сервиси во државите од Југоисточна Европа

Истражувачкиот тим на Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа подготви компаративен преглед на јавните сервиси од регионот, чија цел е да мапира добри практики во моделите за раководење и за финансирање, кои би им овозможиле на јавните сервиси да работат во јавен интерес и да дадат отпор на политичките влијанија. Регионалниот преглед ги опфати јавните сервиси на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија. Меѓу другото, во заклучоците од извештајот се наведува дека јавните радиодифузни сервиси во регионот се изложени на постојана криза и притисок. Во сите земји од регионот постои огромна потреба од реформирање или на моделот на финансирање или на моделот на управување, или на двата. Овој регионален преглед, исто така, ги потсетува јавните радиодифузни сервиси, владите и застапниците за медиумски реформи за постоењето и на алтернативни мерки за подобрување на нивната независност и на нивната функција. Извештајот од регионалниот преглед е достапен во продолжение: Модели за финансирање и управување со јавните сервиси во државите од ЈИЕ 782.58 KB