Анализа: Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот

Се чита за 0 мин.

struk1Медиумскиот плурализам недоволно јасно се препознава во домашната законската регулатива како регулаторна цел во аудиовизуелната област. Развојот на аудиовизуелниот сектор и на медиумскиот плурализам во Македонија досега не се одвиваше стратегиски, а регулаторот беше оставен самиот да се грижи и да ја имплементира својата стратегиска визија. Дополнително, наследената фрагментираност на пазарот, политичките и индустриските притисоци врз регулаторот влијаеја да се влоши вкупната медиумска слика. Споредбената анализа покажува дека публиката во Хрватска, во однос на Македонија и Црна Гора, има најголем пристап до разновидни општи и специјализирани ТВ-сервиси со домашни содржини.

Ова се дел од заклучоците од аналзиата „Улогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам во ТВ-секторот во Македонија, Хрватска и во Црна Гора“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.

 

pdfУлогата на регулаторните тела во обликувањето на структурниот плурализам2.41 MB