Анализа: Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји

Се чита за 0 мин.

Проблемот со финансирањето висококвалитетни и разновидни содржини во медиумите, структурниот плурализам и разновидноста, е присутен и во Македонија. Медиумскиот пазар во земјава е мал и сиромашени затоа овој проблем се чини дека е уште поизразен. Поради оваа состојба, постои и недостиг на ресурси за квалитетно производство и разновидност на медиумите. Оттаму и дилемата дали новинарството може да одговори на предизвиците ако е оставено само на себе во услови на сѐ понеповолно пазарно опкружување или, пак, му е потребна финансиска инфузија од државата преку насочување дел од јавните средства кон новинарите, односно медиумите.

Ова е само е еден од заклучоците од анализата „Механизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството во Македонија и во европските земји“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија.

Целта на оваа анализа е да се согледаат можностите за евентуално воведување систем на субвенции или друг вид поддршка за медиумите, врз основа на искуствата и практиките од други земји од Европа и од регионот, како и да се анализираат ефектите од досегашната примена на субвенциите или друг вид поддршка за медиумите што се доделуваа во изминатите години.

Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.

pdfМеханизми за субвенционирање на медиумите и на новинарството2.7 MB