Модели за финансирање и управување со јавните сервиси во државите од Југоисточна Европа

Се чита за 0 мин.

Истражувачкиот тим на Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа подготви компаративен преглед на јавните сервиси од регионот, чија цел е да мапира добри практики во моделите за раководење и за финансирање, кои би им овозможиле на јавните сервиси да работат во јавен интерес и да дадат отпор на политичките влијанија.

Регионалниот преглед ги опфати јавните сервиси на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија. Меѓу другото, во заклучоците од извештајот се наведува дека јавните радиодифузни сервиси во регионот се изложени на постојана криза и притисок. Во сите земји од регионот постои огромна потреба од реформирање или на моделот на финансирање или на моделот на управување, или на двата. Овој регионален преглед, исто така, ги потсетува јавните радиодифузни сервиси, владите и застапниците за медиумски реформи за постоењето и на алтернативни мерки за подобрување на нивната независност и на нивната функција.

Извештајот од регионалниот преглед е достапен во продолжение:

pdfМодели за финансирање и управување со јавните сервиси во државите од ЈИЕ 782.58 KB