Од Федерацијата велат дека ќе поддржат широка истрага, особено за употребата на воени средства против медиумите, што е сериозно нарушување на меѓународното право и спротивно на резолуцијата 1738 на Советот за безбедност, што обезбедува заштита на новинарите и на медиумските работници во конфликтните зони.
Според бројни новинарски извештаи, зградата каде биле сместени неколку медиумски организации, вклучувајќи ги Ројтерс, НБЦ, Фокс Њуз, Скај Њуз, Ал-Арабија и телевизиските канали од Абу Даби во центарот на градот Газа, била погодена од израелски ракети. Двајца новинари кои работеле за Абу Даби биле повредени во нападот.
Од почетокот на конфликтот, Федерацијата постојано известува за нападите врз медиумите во Газа од страна на Израел. „Последниот напад против медиумите е убедлив доказ дека Израел спроведува јасна стратегија за заплашување на светските медиуми, вклучувајќи намерно убивање и повредување новинари со цел да ги одврати од независно известување за конфликтот,“ додаде Вајт.
За да го прочитате интегралниот текст одете на следниот линк