Лаги, вистини, дезинформации, пропаганда

Се чита за 6 мин.

Главните разлики меѓу пропагандата и дезинформациите лежат во фактот дека дезинформациите никогаш не можат да имаат позитивно значење, додека позитивната пропаганда постои како таква. Потоа, другата разлика еи во целите бидејќидезинформациите најчесто се прават заради материјална придобивка, додека пропагандата во повеќето случаи заради идеолошки цели или постигнување цел што ги надминува материјалните размери.


За концептите и за појавите од насловот знаеме само нешто општо. Дека има дезинформации и пропаганда, кои побрзо се шират на социјалните мрежи, дека за тоа придонесува лесната пристапност на мрежите и дека коригирањето на лажната, злонамерната и погрешната информација е исклучително тешко. Инаку, имаме само анегдотско знаење. Знаеме само за поединечни случаи, но не можеме да извлечеме точни и кредибилни заклучоци за општата состојба. Луѓето често не знаат да разликуваат дезинформација од пропаганда, особено за време на политичките изборни кампањи. На пример, јас имам некои теории за пропаганда и за дезинформација, кои ќе ги елаборирам подолу.

Дезинформацијата е лажна вест за настан штоне се случил или изјава искривена од страна на политичар, експерт, лекар и сл. Вообичаено, дезинформацијата на глобално ниво се занимава и со теории на заговор и целта е да се шири страв и да се верува во нешто што не е релевантно за да ја постигне производителот на дезинформацијата својата цел. Од друга страна,пропагандата може да биде и вистина и не е секогаш негативна. Пропагандата е средство за комуникација со јавноста за да се убеди околу одредена идеологија. Разликата меѓу нив е суштинска, бидејќи едната е секогаш лага, додека другата е средство и умешностна комуникација со масата за да се убедина различни начини. Но, овие два термина често се мешаат, бидејќи дезинформациите се користат како пропаганда особено на нашата политичка сцена.

Основната цел на секоја пропаганда за да биде ефективна е да се митологизира човечката свест. Но, и покрај тоа што општото значење на пропагандата е поставеново негативна конотација, постои и позитивна пропаганда, која се употребува во посебни ситуации за докажување на единството, солидарноста, соработката, моќта итн. А како позитивна пропаганда можеме да ја наречеме кампањата за имунизација во периодот на пандемијата, бидејќи тогаш имавме и многу теории на заговор, разни тврдења, до тој степен што „вакцините убиваат“. Дури и делегацијата на ЕУ излезе со поддршка на кампањи за имунизација.

Притоа, значењето на дезинформацијата е сосема поинакво, станува збор за искривување факти и измислување нереални и невистинити ситуации. Дезинформацијата, со други зборови, е злоупотреба на информациите преку нивно извртување или измислување непостојниинформации. Како пример за дезинформација мора да го истакнеме тврдењето на Владата дека наводноги отпочнала преговорите со Европската Унија, што не е така – имено на 19 јули од претходната година само Албанија ги отпочна преговорите со ЕУ, додека Северна Македонија ги ОТВОРИ преговорите со Европската Унија, бидејќи првото тврдење (ОТПОЧНАЛА) е сосема различен термин.

Потоа, другата разлика лежи и во целите бидејќи дезинформациите во повеќето случаи се прават заради материјална придобивка, додека пропагандата во повеќето случаи заради идеолошки цели или постигнување цел што ги надминува материјалните размери. Но, и покрај нивните разлики, денес, во време на глобализација, тие имаат ист опсег на дејствување– и пропагандата и дезинформацијата се вршат преку дигиталните медиуми. Во општа смисла, целта на лажните вести е да креираат лажна или преувеличена нарација за да се убеди јавноста, додека целта на пропагандата исто така е да креира некаква нарација, но во овој случај, да промовира политичка или идеолошка цел.

Fake NewsФото: freepik.com

Денес пазарот на вести е пренатрупан со многу извори и понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу вистинските и лажните вести. За да се спречи користењето на лажните вести или на пропагандата, важно е да користите кредибилни извори на информации, да ги критикувате изворите на информации кога се сомневате и да работите на проширување на вашето знаење во различни области за да чекорите напред какоиндивидуа.

Во изминатиот период е забележанодека се зголемени и други доминантни нарации за дезинформации, а кои се однесуваа на искривување на перцепцијата за балансот меѓу Русија и НАТО и корупцијата на политичарите на власт во однос на пандемијата со КОВИД-19. Бројот на лајкови, коментари, споделувања на текстовите за НАТО, Русија и за корупција поврзани со пандемијата од страна на јавноста беше значителен. Секоја од овие теми имаше големо политичко значење во предизборната кампања, особено темата поврзана со влезот на РСМ во НАТО, додека Русија беше често споменуван актер во дебатите. Овој подем на Русија не дојде само од нејзината меѓународна улога, туку и од вештачкото „вметнување“ во македонскиот екосистем од страна на информативните портали наклонети кон нејзината меѓународна политика.

За жал, државата во моментов исто така не покажува доволен капацитет „за да открие непријателски извори на пропаганда, дезинформации и лажни вести за да може ефективно да ги неутрализира нивните негативни ефекти“, иако веќе стратешки одлучилада изгради такви капацитети. И дали постои политичка волја за борба против индустријата за дезинформации – со оглед на тоа што најголемите партии кај нас не се само цел, туку и производители на манипулативни, пропагандистички и лажни содржини?

На пример, војната во Украина изгледа дека послужи како интересна тема дури и за државите со географска оддалеченост од жариштето на самата војна. Тоа го докажува и големиот број објави со дезинформациска содржина во земји каквишто се Индија или Бразил, кои географски се многу далеку од Украина. Самиот факт што имаше голем број дистрибуција на ваква содржина покажува дека имало интерес и од читателите за соодветните настани.

Треба да се нагласи дека големиот број третирања/известувања за државите се одредува и од бројот на жители и проверувачи на факти штоработат во рамките на една држава, како и од јазикот. На пример, јазикот хинди го зборуваат 342 милиони луѓе и се рангира како 4-ти најзборуван јазик во светот, или хиспански јазици зборуваат 471 милион луѓе (вклучувајќи ги и повеќето земји во Латинска Америка). Ова довело до тоа бројот на третирања/известувања во Индија и во Шпанија да биде голем, бидејќи јазиците што се говорат во овие земји вклучуваат широка светска јавност.

Од 100 обиди за манипулација со информации, 88 биле оркестрирани од руски државни актери, според првиот извештај на Европската служба за надворешно дејствување за манипулација со странски информации во февруари, објави Фондацијата Фикс (TheFixFoundation).

Една од целите на извештајот на Европската служба за надворешно дејствување е да ги утврди нарациите што Русија ги користи во медиумите. Извештајот идентификуваше пет од најпопуларните руски пропагандни нарации:

1. ЗАПАДОТ Е АГРЕСОР КОН РУСИЈА

Според оваа нарација, Западот е одговорен за растечката тензија меѓу Русија и Украина, профитирајќи од војната и е главната причина зошто окупацијата продолжува.

2. УКРАИНА Е АГРЕСОР КОН РУСИЈА

За разлика од претходната, оваа приказна ја прикажува Украина како главен антагонист и провокатор. Русија ги обвинува Украинците за провокација и желба за војна, за воени злосторства и за намерата да употребат хемиско и нуклеарно оружје. По промената на властитевоУкраина во 2014 година, Русија постојано ги прогласуваше претседателските избори за незаконски и ја нарече украинската влада „Киевски режим“. Руските медиуми ја искористија оваа агенда во своите пораки за да ја демонизираат Украина. (На пример, рускиот медиум Ukraina.ru објави статија „Киевскиот режим сака да предизвикува војна меѓу Русија и НАТО“.) На овој начин Украина се прикажува како агресор, а руската акција е само оправдан одговор.

3. САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ДОВЕДУВААТ ДО КОНТРА ЕФЕКТ

Тоа е руска манипулација за тоа како санкциите влијаат врззападните земји, особено во областа на храната, енергијата и финансиите. Да дадеме пример што не е директно споменат во извештајот на Европската служба за надворешно дејствување – рускиот канал „Раша тудеј“ создаде видео „Среќен антирускиБожиќ“. Видеото е за семејство штого слави Божиќ во Европа. Празникот се менува во текот на три години од полн со светлина, топлина и просперитет во 2021 година, во студен, гладен и сиромашен во 2023 година. Кулминацијата на заплетот е семејство штојаде супа од некој вид глодар на својата ќерка. Главната нарација е дека европските санкции за руската енергија ќе имаат многу посилен ефект врз Европа отколку врз Русија. „Раша тудеј“ манипулира за да ја убеди јавноста дека ќе го изгубат удобниот живот без Русија.

4. УКРАИНА Е НАЦИСТИЧКА И ТЕРОРИСТИЧКА ДРЖАВА

Вообичаена е идејата што Русија активно ја промовира уште од Револуцијата на достоинството - проевропските протести во Украина кон крајот на 2013 и почетокот на 2014 година, со кои беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Политичарите и медиумите на Кремљ тврдеа дека промената на претседателот не била легитимна и дека станува збор за терористички чин. Исто така, популарниот наратив беше дека Револуцијата на достоинството била предводена од „украински нацистички групи“. Сега, наративот „Земјата полна со терористи и нацисти“ е еден од изговорите за руската инвазија. Од овој наратив произлегува уште една точка: руската агресија врз Украина е таканаречена „деназификација“.

И, сега, да ги конкретизираме овие пропагандни нарации, застанувајќи на масакрите во Буча. Во рамките на воената пропаганда, Русија дава неколку верзии за тажната реалност таму. Нејзината прва верзија е дека ништо не се случило во Буча; кога тоа не се случи, тогаш пропагандата оди на следното ниво дека „да, има убиени, но не толку и колку што тврди Западот“. Кога и тоа не функционира, се префрла на следната верзија дека тоа е исцениран масакр со некои теории на заговор. Цел свет виде како експлодира гасот во Манила на состанокот на Г20 кога Лавров изјави дека Русија прави се за да ја запре војната што ја започна Украина! И, кога веќе никој не ја јаде оваа “лага“, тогаш се преминува на следнава изјава дека „да, има жртви, но ги убиле Украинци, а не Руси; Освен тоа, убиените не се цивили, туку украински војници убиени во борба“.

"TheFixFoundation"вели дека од почетокот на сеопфатната војна во 2022 година, руската пропаганда станала поагресивна од кога било досега.

Автор: Џенур ИСЕНИ

 


Текстот е подготвен во рамки на проектот „Fostering Improved Media Standards”, што го координира Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), чија што членка е МИМ. Проектот е поддржан од „National Endowment for Democracy“ (НЕД).