Новинарство, „лажни вести“ и дезинформации: Прирачник за образование и обука по новинарство

Се чита за 0 мин.

Прирачникот е дел од „Глобалната иницијатива за извонредност во образованието по новинарство“, која е во фокусот на Меѓународната програма на УНЕСКО за развој на комуникациите (ИПДЦ).

Со цел да послужи како модел на наставен план, прирачникот обезбедува рамка и наставни планови за часови, кои ќе им помогнат на едукаторите и на обучувачите на новинари, како и на студентите по новинарство, да реализираат едукативни програми на теми поврзани со „лажните вести“.

Прирачникот го содржи искуството на водечки меѓународни едукатори, истражувачи и аналитичари по новинарство, кои помагаат во ажурирањето на новинарските методи и практичното новинарство за справување со предизвиците што ги носат мисинформациите и дезинформациите.

Како наставна програма, прирачникот е поделен на два различни дела: првите три модули ја прикажуваат рамката на проблемот и му даваат контекст; следните четири се фокусираат на одговорот на „информацискиот хаос“ и на последиците од него. Понудените лекции, доколку се користат заедно како курс, или самостојно, можат да помогнат во освежување на постојните наставни програми или во создавање нови примери.

Адаптацијата на прирачникот на македонски јазик ја подготви Македонскиот институт за медиуми.

Прирачникот е достапен во прилог.

pdfПрирачник за образование и обука по новинарство10.64 MB