Прирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост

Се чита за 0 мин.

Целта на овој е-прирачник е да им помогне на идните обучувачи по медиумска и информациска писменост (МИП) во подготвувањето на нивните едукативни програми на лесен и интересен начин. Во таа смисла, овој прирачник се препорачува на претставниците на невладините организации, наставниците што сакаат да ја унапредат МИП во училиштата, но и на новинарите. За секој модул, постои листа на вежби и материјали што може да се користат, при што поголемиот дел од активностите може да се приспособат на различните целни групи.

 

Прирачникот е подготвен во рамки на регионалната инцијатива „Медиуми за граѓаните - граѓаните за медиумите” -  проект на седум граѓански организации за развој на медиумите на Западен Балкан (Фондација „Медиацентар“ Сараево, Албански институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Институт за медиуми на Црна Гора, Новосадска школа за новинарство, Мировен институт од Љубљана и Мрежа за професионализација на медиумите во ЈИЕ – СЕЕНПМ), кој е насочен кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за унапредување на медиумската и информа писменост (МИП).

Прирачникот е прикачен во продолжение:

pdfПрирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост1.08 MB