Целта на ова истражување е да се дадат насоки на јавниот сервис МРТ кои стратегиски, организациски и п рофесионални капацитети треба да ги развива за да создаде основни услови за продуцирање и емитување програми поврзани со МИП. Заради тоа беше направена компаративна анализа со Британскиот јавен сервис Би-би-си и со јавниот сервис на Белгија РТБФ кој емитува програми наменети за француската за едница. Овие јавни сервиси предничат со искуството, продукцијата и иновативноста во продуцирањето програми поврзани со МИП и можат да понудат корисни примери и практики за ЈРС МРТ.
Истражувањето беше спроведено во периодот од јули до октомври 2018 година. Притоа беа користени секундарни податоци од релевантни извори од сите три држави, беа разгледувани стратегиски документи, анализи, извештаи и други публикации од националните и од европските институции, како и законската регулатива од оваа област. Дополнително беа направени четири интервјуа со медиумски експерти од Македонија, Велика Британија и од Белгија.
Унапредување на улогата на ЈРС МРТ во промовирање на медиумската писменост863.85 KB