Размена на знаење меѓу млади новинари од Македонија и Албанија

Се чита за 0 мин.

Во соработка со Албанскиот институт за медиуми од Тирана, во текот на септември и октомври организиравме програма за размена на знаење меѓу млади новинари и студенти по новинарство од Албанија и Македонија. Во програмата, што се одржа во Тирана, од 18 до 21 септември и во Скопје од 16 до 19 октомври, беа вклучени дваесетина млади новинари од двете земји кои заеднички истражуваа и обработуваа теми поврзани со говорот на омраза, наративите што поттикнуваат поделби и портретирањето на различностите во медиумите.

raz isk 4

Новинарите од Албанија во Скопје ги посетија и редакциите на јавниот сервис Македонска радиотелевизија и дневниот весник Коха, каде што разговара со искусни новинари и уредници околу предизвиците со кои се среќаваат во секојдневното работење низ призма на инклузивноста и различностите во новинарското известување.

raz isk 3

Оваа активност  е поддржана преку Регионалната иницијатива на Обединетите Нации „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“, чија цел е да ги поттикне младите да се вклучат во конструктивни дискусии, да го зајакнат меѓукултурниот дијалог, инклузијата, родовата еднаквост и да создаваат меѓусебно разбирање и доверба во регионот. Иницијативата се спроведува во соработка со УНЕСКО, Албанскиот институт за медиуми и Македонскиот институт за медиуми.