Конкурс за програмата “Новинарството во дигиталниот свет“ на Меѓународната академија за новинарство

Се чита за 0 мин.

Новинари од целиот свет, најдоцна до 7 мај 2012г, може да се пријават за програмата “Новинарството во дигиталниот свет“, што ја спроведува Меѓународната академија за новинарство, основана од Бертелсман (Bertelsmann).

Програмата е наменета за новинари од земјите со ограничена или загрозена слобода на печатот. Учесниците во програмата ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини од областа на истражувачкото новинарство, новинарските форми за претставување на интернет, продукција на веб содржини, снимање и обработка на видеа за веб, интернет политики, и етичките стандарди во медиумите.

Избраните кандидати ќе бидат дел од десетмесечната програма, која ќе стартува на 2 септември 2012 г, а ќе се реализира во Хамбург, Келн и Берлин.

Во рамки на првата студиска програма, која што е се уште во тек, учествуваат новинари од Ерменија, Кина, Египет, Гана, Либерија, Молдавија, Непал, Никарагва, Сирија, Тајланд, Украина и Зимбабве.

 

Повеќе информации околу програмата и критериумите за аплицирање може да се најдат на следната веб страница: http://www.intajour.com/Int.-Academy-of-Journalism/apply-here/general-information.html