Виртуелен дијалог со медиумите за известување за имунизација на повозрасната популација

Се чита за 0 мин.

Улогата на новинарите и медиумите во информирањето на повозрасните лица за придобивките од имунизацијата е една од темите на виртуелниот дијалог со медиумите, што го организира Интерњуз (Internews) во соработка со МИМ, на 14 ноември (вторник) 2023 од 15 до 16:30 часот.

На оваа онлајн-дискусија ќе учествуваат експерти од областа, здравствени работници и искусни новинари, кои ќе разговараат за подобрување на квалитетот на медиумското известување во однос на имунизацијата на повозрасните лица, со цел тие да можат да донесат вистинска и информирана одлука за вакцинација.

Исто така, ќе се отворат и прашањата за сомнежите и стравовите поврзани со вакцинацијата на повозрасните лица кои имаат срцева или белодробна болест, или, пак, дијабетес.

Виртуелниот дијалог со медиумите ќе се одржи на платформата „ZOOM“ и сите заинтересирани новинари може да се пријават за учество на следниот линк: https://bit.ly/Macedonia-Media-Dialogue

Let s Talk Vaccines 2Со цел да им помогне на новинарите подобро да известуваат за имунизацијата на населението, Интерњуз разви бесплатен курс Let’s Talk Vaccines („Ајде да зборуваме за вакцини“), којшто моментално е достапен на 10 јазици.

Курсот им овозможува на новинарите да го разберат и да го преведат научниот јазик за вакцините и полесно да ги обработат приказните за вакцини и да ги „исполираат“ своите раскажувачки вештини кога станува збор за оваа тема. Сите заинтересирани новинари може да го посетат курсот на следниот линк: https://internews.teachable.com/p/ltv