Тркалезна маса во Битола за користење и разбирање на извештаите на ДЗР

Reading time: 1 minute(s)
На средбата се поканети новинари и претставници на сите медиуми, како и на други релевантни институции од овој регион. Новинарите и медиумите можат да ја искористат оваа прилика за да добијат корисни насоки за тоа како да ги користат извештаите на државните ревизори и корисните податоци во нив за нивните новинарски приказни и производи и за подобро информирање на граѓаните за трошењето на јавните средства. 
Ова е една од серијата тркалезни маси кои МИМ и ДЗР ги организираат во неколку регионални центри во Македонија. Претходно, ваква средба беше организирана за во Штип за медиумите и институциите од неколку градови од овој регион, а наредната средба е закажана за 18 март годинава во Тетово.  
 Следува целосното соопштение на МИМ за овој настан:
 
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ
 
Управување со јавните средства:
„Користење и разбирање на извештаите на Државниот завод за ревизија на Р. Македонија”
Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со Државниот завод за ревизија на Р.Македонија (ДЗР) на 4ти март (петок), во Битола(хотел Епинал) од 12:00 часот организира  тркалезна маса, посветена на управувањето со јавните средства и користењето и разбирањето наизвештаите на Државниот завод за ревизија.
Целта на настанот е да се унапреди комуникацијата на ДЗР со институциите на локално и на централно ниво, со новинарите и со медиумите, штоќе помогне за  подобро информирање на граѓаните за резултатите од извештаите и препораките што ги изготвува Заводот.
Поканети се претставници од субјектите кои биле предмет на ревизија од страна на ДЗР од  југозападниот регион( општини, судови, јавнипретпријатија) и претставници од локалните медиуми. Во име на ДЗР,  пред присутните ќе се обрати Главниот државен ревизор, г-ѓа Тања Таневска, како и претставници од стручните служби во Заводот.
Покануваме новинари од Вашата редакција да го проследат настанот и активно да се вклучат во дискусијата.   
За дополнителни информации:
Ивона Василова
програмски асистент во МИМ
тел. +389 2 30 90 004
е-пошта: ivonae@mim.org.mk