Отворен конкурсот за „Најдобра истражувачка сторија 2009“

Reading time: 0 minute(s)

Nagrada2009

Сите активни новинари и редакции во земјава кои продуцирале истражувачки стории во текот на 2009 година, може да учествуваат на конкурсот за избор на „Најдобра истражувачка сторија на годината“ што традиционално го организираат Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство. Оваа престижна новинарска награда се доделува по деветти пат, а целта е да го поттикне истражувачкото новинарство и да придонесе кон развојот на демократијата во земјава.

 

 

 

Сториите треба да содржат елементи кои го одликуваат истражувачкото новинарство:

  • Да претставуваат автентично новинарско истражување, спроведено од самиот автор;
  • Да откријат нешто ново – корупција, несоодветно дејствување, злоупотреба на власт итн;
  • Да вклучуваат повеќе проверени извори, а темата да биде оработена од повеќе различни агли;
  • Да обработуваат тема која има пошироко општествено значење и која предизвикала општествена акција;
  • Да ги запазат етичките стандарди.

 

Една копија од истражувачките стории, во изворен формат, треба да се достави во МИМ најдоцна до 22 февруари 2010 година:

  • По пошта:  Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје
  • По е-пошта: mim@mim.org.mk
  • Или лично да се достави во МИМ.

 

По затворањето на конкурсот,  независна жири комисија составена од истакнати медиумски професионалци ќе избере три најдобри истражувачки стории, чии автори ќе бидат наградени со парични награди во износ од 30.000 денари, 20.000 денари и 10.000 денари.

МИМ и Високата школа за новинарство самостојно ја стипендираат оваа награда.

 

Подетални информации за конкурсот:

Весна Никодиноска

Тел. 02/30 90 004

Е-пошта: vesnanik@mim.org.mk