Отворен конкурсот за наградата за најдобар млад новинар од Европа

Reading time: 0 minute(s)

Темата на овогодинешниот конкурс е “Прошири ја својата визија“, при што сите новинарски производи треба да бидат фокусирани на проширувањето на Европската Унија.

Националните жирија од европските земји ќе изберат 36 национални победници, кои ќе патуваат на културна и историска посета во Истамбул во мај 2010 година. Од овие 36 победници, специјално европско жири ќе избере тројца на кои ќе им додели 3 специјални награди во следните категории:
• Најоригинален извештај
• Најдобро истражување
• Најдобар новинарски стил

Тројцата добитици на специјалните награди ќе освојат патување во некоја европска метропола по нивни избор. 

Повеќе информации може да прочитате на следниот линк: http://www.eujournalist-award.eu/