СЕЕМО го осудува вербалниот напад врз новинарите од страна на пратеникот Амди Бајрам

Reading time: 0 minute(s)

Бајрам на 16 јуни 2009 вербално ги нападна новинарите во Собранието, навреден зошто не земале изјави од него, извикувајќи, меѓу другото, дека „им треба ќотек“ и нарекувајќи ги „мафијаши“ кои работат за странски служби.   

СЕЕМО ги повикува надлежните да ги демонстрираат нивните заложби за заштита на новинарите, преку преземање на сите можни мерки за превенција на слични загрижувачки настани. Заради тоа, Организацијата ја поздравува реакцијата на претседателот на Собранието Трајко Вељановски кој го осуди инцидентот, како и извинувањето на пратеникот Бајрам, со надеж дека вакви инциденти нема да се случуваат во иднина.