Новинари, уредници, сопственици на онлајн медиуми, правници, медиумски експерти, претставници на државни институции, граѓански организации, како и на судската власта, учествуваа на јавната дебата посветена на правата и одговорностите при комуницирањето на интернет, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми. На дебатата се дискутираа повеќе теми поврзани со функционалноста на медиумскиот пазар во онлајн-сферата, политичките влијанија врз медиумите, примената и функционалноста на легислативата и улогата на саморегулаторните механизми.
Новости
Новинари и медиумски професионалци, најдоцна до 18 декември 2015, може да се пријават на конкурсот за Програмата за лидери во медиумите во Македонија, што ја спроведува ИРЕКС.
Целта на Програмата е да помогне во зајакнување на медиумскиот сектор во Македонија преку професионален развој на новинарите и медиумските професионалци, развивање на нивните лидерски вештини и надградба на професионалните мрежи во медиумската сфера.
Кон крајот на октомври, во Тирана, се одржа годишнoто Генерално собрание на „Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа“ (СЕЕНПМ), на кое учествуваа претставници на 14 организации, членки на Мрежата. За време на состанокот учесниците дискутираа за минатогодишните активностите, како и за имплементацијата на стратешкиот план и финансирањето за периодот 2014 – 2016.
Новинарите и поединците кои ги користат медиумите за ширење говор на омраза и дискриминација, треба законски да одговараат, а редакциите треба да ги поттикнуваат новинарите да се придржуваат до професионалното работење ослободено од говор на омраза. Притоа, саморегулацијата почесто треба да се користи како механизам за реагирање при случаи на говор на омраза во медиумите.
Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за ангажирање стручно лице задолжено за комуникација и администрација. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.
Новинарката Сашка Цветковска е првонаградена на конкурсот за „Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство за 2014 година“, за сторијата „Шпионот –земјопоседник“, објавена на интернет телевизијата „НоваТВ“. Победничката сторијата обелоденува дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање поседува милионски вреден имот во Прага, кој не бил пријавен во неговиот анкетен лист за имотната состојба.
Партнерството „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ ги поканува сите заинтересирани новинари да аплицираат со предлози за истражувачки стории кои се однесуваат на коруптивните практики што го поткопуваат правилното функционирање на слободните, независни, плуралистички и одрживи медиуми во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Македонскиот институт за медиуми е згрозен од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, на кого вчера на домашна адреса му беше доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“.
Сите новинари кои во 2014 година продуцирале и објавиле истражувачки стории поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 23 април 2015 година.