Медиумската саморегулација: Неопходно зајакнување на механизмите и унапредување на ефективноста

Се чита за 0 мин.

Оваа анализа ја истражува состојбата со саморегулацијата во медиумскиот сектор во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на клучните етички документи и на улогата на релевантните тела во оваа сфера – Советот за етика во медиумите, Советот на честа при ЗНМ и Етичката комисија во јавниот радиодифузен сервис МРТ. Истражувањето содржи критичка анализа на капацитетите на постојните саморегулаторни механизми, на предизвиците и на добрите практики што произлегуваат од нивното функционирање, особено во новото дигитално опкружување.

Анализата укажува дека е потребно натамошно зајакнување на кадровските, финансиските и на професионалните капацитети на саморегулаторните тела, со цел ефективно да се справуваат со предизвиците во променливиот медиумски пејзаж.

Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог:

pdfМедиумската саморегулација во Северна Македонија486.04 KBpdfMedia self-regulation in North Macedonia581.14 KB