Одржани работилници за известување на теми поврзани со климатските промени и животната средина

Се чита за 0 мин.

Известувањето за климатските промени во медиумите во земјава најчесто се сведува на известување за катастрофи предизвикани од климатските промени, без детално известување и истражување за причините кои придонеле за тоа. Затоа, потребна е поголема застапеност на и потемелна обработка на темите поврзани со животната средина во медиумите, заклучија новинарите и уредниците кои учествуваа на дводневните работилници за известување за теми поврзани со климатските промени, што ги организираше МИМ.

klim prom 2

Како да се претстават податоците на разбирлив и атрактивен начин за да се заинтересира публиката, што се дезинформации за климата и како да се направи проверка на фактите, какви се глобалните климатски политики наспроти локалната перспектива за климатските промени - се само дел од темите за коишто се зборуваше на работилницата.

klim prom 3

Преку презентации, квизови и вежби, работилницата ја водеа проф. д-р Наташа Марковска од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и Александар Манасиев, долгогодишен новинар и уредник.

Во наредниот период новинарите-учесници на работилницата ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за изработка на новинарски стории на теми од животната средина и климатските промени.


Проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во известувањето за климатските промени“ е поддржан од Регионалниот грант „SMART Balkan - Civil Society for a Connected Western Balkans“, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество ( CPCD), Центарoт за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM), а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка.