Проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа

Времетраење: 2012-2017

Донатор: Европска Унија

Опис: Проектот го имплементираат 7 граѓански организации од регионот: Мировниот институт (Љубљна), Албанскиот институт за медиуми (Тирана), Медиацентар Сараево, Центарот за истражувачко новинарство (Загреб), Центарот за независно новинарство (Будимпешта), Македонскиот институт за медиуми, и Школата за новинарство (Нови Сад) Медиумската опсерваторија е регионално партнерство на граѓански организации посветено на унапредување на медиумскиот плурализам и слободи, и влијание врз реформите во медиумската сфера во земјите од Југоисточна Европа. Партнерството се фокусира на справување со сите препреки во демократскиот развој на медиумските системи, преку развивање инструмент за истражување и мониторинг на медиумите, поддршка на истражувачко новинарство и вклучување на граѓанското општество. Исто така, медиумската опсерваторија на ЈИЕ нуди регионална рамка за дебати, консултации и коалиции меѓу клучните засегнати страни. Медиумскатa опсерваторија ги адресира проблемите со интегритетот на медиумите и новинарите во регионот, фокусирајќи се на штетните модели на медиумска сопственост и финансирање на медиумите

Македонија во дигиталната ера – помеѓу правата и одговорностите при комуникација на Интернет

Времетраење: 2015

Донатор: Амбасада на САД

Опис: Главна цел на проектот е да го унапреди знаењето и свесноста кај медиумските продесионалци, институциите, НВО, младите и пошироката онлајн јавност во одност на нивните права и одговорности при комуникацијата на Интернет. Специфични цели: Да понуди релевантни и веродостојни информации и податоци за законодавство, праксата и проблемите поврзани со различни аспекти на комуникацијата преку Интернет; Да ја интензивира дебатата за различните правни аспекти на интернет комуникацијата помеѓу сите релевантни учесници, со цел не не само да се споделат знаења и искуства, туку и да се генерираат идеи, предлози и решенија за актуелните прашања поврзани со интернет комуникацијата.

Отчетноста на медиумите во Југоисточна Европа

Времетраење: 2013-2015

Донатор: Европска Комисија

Опис: Проектот го спроведува УНЕСКО, а Македонскиот институт за медиуми е главен регионален партнер. Проектните активности главно се фокусирани на поддршка на работата на советите за печат, олеснување на процесот на формирање совети за печат и совети за етика во медиумите и подигање на свеста за одговорноста на медиумите во Југоисточна Европа.

Проект „Справување со говорот на омраза во јавниот дискурс во Македонија“

Времетраење: 2013 –2015

Донатор: Британска амбасада

Опис:

Целта на проектот е да се создаде разбирање кај младите луѓе, истакнатите јавни личности и медиумите за говорот на омраза и ефектите од неговата употреба во јавниот дискурс. Исто така, проектот се фокусира на промовирање на нови вредности во јавната комуникација, како и за поддршка на медиумите во справувањето со случаи на говор на омраза. Во рамките на проектот, МИМ спроведе сет на активности во насока на развој на информативни и едукативни алатки и онлјан ресурси кои треба да послужат како платформа за да се поттикнат онлајн и јавни дебати за тоа како да се препознае и да се реагира на говорот на омраза, како и да се промовираат нови вредности во јавната комуникација, со цел да се зголеми на свеста и разбирањето на говорот на омраза во јавноста. Посетете ја Интернет страницата http://bezomrazno.mk/

Проект „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“

Времетраење: 2013 –2015

Доатор: Европска Комисија

Опис: Проектот го спроведува Институтот за демократија – Сосиетас Цивилис, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД. Главната цел на проектот е да се зајакне улогата и придонесот на граѓанското општество во доброто владеење и процесот на пристапување кон ЕУ. Конкретно, проектот ги поттикнува и вклучува граѓанските организации и поширокото граѓанското општество во реформите на јавната администрација.

Проект „Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“

Времетраење: 2012 –2014

Донатор: Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Опис: Целта на проектот е да изгради ефикасни меѓусекторски врски меѓу граѓанските организации и медиумите заради создавање широка платформа за промоција на човековите права, слободата на изразувањето и на независните медиуми. Проектот се фокусира на: подобрување на размената на информации и поттикнување на конструктивна дебата меѓу граѓанските организации и медиумите преку организирање меѓусекторски активности; зајакнување на влијанието на ГО врз јавното мислење и поголема застапеност на ГО во медиумите; зајакнување на капацитетите на новинарите и медиумите за практикување на професионално известување и промовирање на слободата на изразување преку истражувачки стории поврзани со човековите права.

Зајакнување на професионалните капацитети на уредниците и менаџерите на медиумите во Македонија

Времетраење: 2012

Донатор: Амбасада на Германија во Република Македонија

Опис: Целта на проектот е да се зајакнат професионалните капацитети на уредниците и менаџерите на медиумите, и да се поддржи долгорочниот развој на медиумскиот сектор во Македонија.

Главните активности на проект вклучуваат:

  • форум за зајакнување на капацитетите и унапредување на позицијата на уредниците во медиумите во Македонија;
  • Студиска посета на Словенија, за главни уредници од најрелевантните национални медиуми;
  • Интерактивен семинар/ конференција за менаџери на медиуми;

Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО

Времетраење: 2011 - 2012

Донатор: Регионален проект на УНЕСКО „Мониторинг на медиумскиот развој“

Опис: МИМ го спроведе овој проект во соработка со Факултетот за политички науки од Загреб, и експерти од Србија. Анализата се фокусира на пет главни категории на медиумскиот развој како составен дел од секој медиумски систем, и тоа:

  1. Регулаторниот систем како предуслов за ефикасно остварување на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста на медиумите
  2. Плурализам и разновидност на медиумите, пазарот и економското опкружување и  транспарентност на сопственоста
  3. Медиумите како платформа за демократска дебата
  4. Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста
  5. Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми

Анализата која е изработена од  домашни автори, по опсег и по содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумскиот развој на земјата  според меѓународни стандарди.

Целосната анализа е достапна на следниот линк.

Иницијатива за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија

Времетраење: 2011-2012

Донатор: Амбасада на Кралството Холандија во Македонија

Опис: Иницијативата за подобрување на состојбите во медиумската сфера на Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Здружението на новинари, резултираше со Акциски план за подобрување на состојбите во медиумската сфера. Овој документ ги адресира ги адресира најприоритетните проблеми во три клучни области – медиумската легислатива, јавен сервис, и професионални стандарди и квалитет на новинарството. 

Акцискиот план е плод на заедничка работа на истакнати медиумски работници од земјава. Првичната верзија на планот се создаде за време и по работната средба во Маврово (27-29 октомври 2011), на која учествуваа четириесетина новинари и уредници, медиумски сопственици, медиумски научници и експерти, како и претставници на регулаторот и на медиумските граѓански организации.

Откако Акцискиот план помина низ процес на консултации и писмени забелешки од страна на учесниците, кон крајот на месец ноември 2011 беше организирана работна средба со учесниците на мавровската работилница за финализирање на првата верзија на Акцискиот план.

Финалниот документ беше претставен на конференцијата која ЗНМ и МИМ ја организираа на 14 декември 2011, а на која учествуваа 70тина сопственици, уредници, новинари, медиумски експерти, претставници на раководството на јавниот сервис,  надлежните регулаторни тела и државните институции,  и на медиумските граѓански организаци.

Роми во јавноста

Времетраење: 2011 – 2013

Донатор: Европската унија преку ИПА 2009 – Инструмент за граѓанско општество – Регионални програми.

Опис: Проектот што го спроведува Транзишнс, Македонскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Ромскиот информативен центар „Кали Сара“ и Новосадската школа за новинарство, има цел да го унапреди присуството на ромските прашања во јавната во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Активностите кои досега беа спроведени во рамките на овој проект вклучуваат:

  • обука на 18 новинари од ромска и не-ромски националност од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, за известување за прашања кои се однесуваат на ромската заедница. Обуката ја спроведоа истакнати меѓународни и регионални тренери;
  • работилница за продукција на мултимедијални приказни, наменета за новинари од трите земји;
  • продукција на мултимедијални приказни кои се објавуваат на регионалниот веб-порталот tocak.org;
  • креирање на листа/мрежа на активни ромски невладини организации од овие три земји, која е достапна веб порталот;
  • Регионална конференција “Роми во јавноста“ во Нови Сад;

студиски посети на новинари од една во друга земја и продукција на стории за животот на ромската заедница на Балканот.

Мониторинг на парламентарните избори 2011

Времетраење: 2011

Донатор: Швајцарската агенција за развој и соработка

Опис: МИМ спроведе мониторинг на 13 национални медиуми (седум телевизии на државно ниво и шест национални дневни весници), во период од две недели пред одржувањето на вонредните парламентарни избори, кои се спроведоа на 5 јуни 2011 година. Целта на мониторингот беше да се утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето во текот на кампањата.

Резултатите и заклучоците од спроведениот мониторинг беа претставени во Финалниот извештај од мониторингот на медиумите за вонредните парламентарни избори 2011.

(http://mim.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=338%3Ao-2011&catid=39%3A2008-12-01-12-31-11&lang=mk )

Зајакнување на капацитетите на онлајн медиумите во Македонија

Времетраење: 2010-2011

Донатор: Балкански труст за демократија Европски центар за новинарство Норвешката фондација “Фрид Орд“

Опис: Главна цел на овој проект беше да се работи со 12 тимови од он-лајн изданијата на традиционалните медиуми и специјализираните нови медиуми, и преку обезбедување на соодветни анализи, обуки за on-line новинари, уредници и маркетинг менаџери, како и дебатирање за одговорно и професионално on-line новинарство како поддршка на натамошната демократизација на Македонија, да им се помогне да станат економски одржливи, одговорни, професионални и етични,

За таа цел, МИМ спроведе сет на активности, кои вклучуваат:

  • темелно истражување за состојбите со онлајн медиумите во Македонија;
  • циклус од три обуки посветени на унапредување на знаењата за примена на професионалните и етичките стандарди во онлајн светот, креирање мордерни содржини, како и подобрување на организациските и маркетиншките вештини;
  • една заедничка работилница со претставници на медиумите кои учествуваа во трите обуки, како и други претставници од светот на современите трендови во онлајн-медиумите;

тркалезна маса со претставници на онлајн-медиуми, агенции за истражување и мерење на гледаноста/посетеноста, компании и маркетинг агенции, на која се дискутираа начините и можностите за унапредување на професионалноста, одржливоста и профитабилноста на онлајн-медиумите.

Зајакнување на меѓуетничката комуникација меѓу средношколците во Македонија преку користење мултимедијални алатки

Времетреање: 2010-2011

Донатор: Амбасада на САД во Македонија

Опис: Главна цел на проектот е да се помогне во надминувањето на меѓуетничките поделби преку активности со кои ќе се подигне свеста кај младите дека тие иако потекнуваат од различни заедници, сепак споделуваат заеднички потреби и интереси кои се побројни и позначајни од нештата што ги раздвојуваат.

За таа цел, МИМ во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, организираше:

  • петдневна работилница во Охрид, на која учествуваа 33 средношколци од различна етничка припадност, кои имаа можност да се запознаат со основните алатки за продукција на мултимедијални Интернет содржини и нивно поставување на веб страници;
  • Награден конкурс “Изрази се преку медиумите“

Квиз – серијата „Одиме во ЕУ“

Времетраење: 2010- 2011

Донатор: Европска Комисија

Опис: МИМ во соработка со Канал 5 Телевизија емитуваше 21 епизода од квиз шоуто “Одиме во ЕУ“

Циклус анализи за состојбите во медиумската сфера во Македонија

Времетраење: 2010 - 2011

Донатор: Фондација „Фридрих Еберт

Опис: МИМ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста изработија 3 стручни анализи за специфични проблеми кои се значајни за медиумската сфера во Македонија:

  • „Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во РМ“ –  фокусирана на состојбата со обезбедувањето на културен плурализам во медиумската сфера во Македонија, можностите за активен пристап до медиумските содржини за етничките заедници, како и проблемите со кои се соочуваат медиумите на етничките заедници;
  • „Осврт на прашањето на саморегулација во медиумите во РМ“ - функциите и значењето на медиумската саморегулација; улогата на саморегулацијата како замена за судските постапки за објавени содржини во медиумите; разликата меѓу регулација и саморегулација на медиумите; форми на саморегулација во медиумите и начини на финансирање, како и искуства од практикување на саморегулација во медиумите во Македонија; Идентификување на позитивни практики на саморегулација и поттикнување на имплементација на различни форми на саморегулација; Препораки за понатамошни активности за зајакнување на принципот на саморегулација во медиумите во Македонија.

„Јавната радиодифузија во РМ во контекст на европската медиумска политика“ - Дали МРТ ја исполнува својата мисија и програмска функција како јавен радиодифузен сервис? Дали начинот на финансирање значи независно и успешно функционирање на МРТ како јавен радиодифузен сервис? Дали моделот на управување и надзор на МРТ, кој е утврдени со закон, одговара на европските стандарди и дали тоа обезбедува нејзино ефикасно и независно функционирање? Кои се перспективите на МРТ во рамките на тековниот процесот на дигитализација на терестријалните телевизии?

Проект „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“

Вренетраење: 2009- 2011

Донатор: Проектот е финансиски поддржан од програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи

Опис: Тригодишниот проект за унапредување на медиумската писменост го спроведоа МИМ, Институтот за Демократија "Социетас Цивилис" – Скопје и Европскиот центар за новинарство од Мастрихт, Холандија, во соработка со Бирото за развој на образованието. Во рамки на проектот беа реализирани 56 обуки, а околу 1.100 наставници од основни и средни училишта беа обучени како да ја воведат медиумската писменост во наставата. Исто така беше дизајниран прирачник за медиумска писменост, веб страница посветена на медиумска писменост, а се организираше и работилница, на која домашни и странски експерти споделија искуства за медиумската писменост.

Поддршка на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и градење капацитети за комуникација со медиумите на јавната администрација во Република Македонија

Времетраење: 2007-2009

Донатор: Амбасада на Велика Британија во Македонија

Опис: Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на јавната администрација за спроведување на Законот за пристап до информации од јавен карактер, како и нејзино остручување за професионално комуницирање со медиумите и со јавноста, со цел зголемување на економската и политичката транспарентност и отчетност.

Во рамките на овој проект, МИМ  1,000 државните службеници одговорни за издавање информации од јавен карактер во рамките на нивните институции.

Исто така, МИМ подготви и објави 3 публикации:

  • “Public Information Must Be Disclosed, Not Held”
  • “Access to Public Information Is Free”
  • “List of Holders of Public Information in the Republic of Macedonia”

Национална Акција на медиумите и јавната администрација за зголемување на транспарентноста и отченоста во Македонија

Времетраење: 2006-2007

Донатор: Амбасада на Велика Британија

Опис: Проектот беше фокусиран на зајакнување на релевантните национални медиуми и претставниците на јавната администрација, со вештини и техники, кои ќе им овозможат да спроведат и поддржат акција за подобрување на политичката и економската транспарентност и отчетност на сите државни нивоа во Република Македонија. 

Во рамки на проектот беа организирани обуки за професионално истражувачко новинарство за тимови од 10-те највлијателни телевизии на национално и локално ниво. Исто така, претставници од јавната администрација (вицепремиери, претставници од јавни / државни институции, министри, судии, амбасадори од земјите на ЕУ) дискутираа со новинарите околу моделите на подобрување на процесот на транспарентност и отчетност на сите државни нивоа.

Како резултат на обуката, 30 истражувачки стории беа емитувани/објавени во медиумите, вклучувајќи ги информативните изданија на национални ТВ станици со највисок рејтинг го земјата.

Проект за зајакнување на граѓанското општество

Времетраење: 2005-2006 2006-2007 2007-2008 2008-2009 2009-2010

Донатор: УСАИД, Институт за трајни заедници

Опис: Мисијата на Проектот е да се зголеми учеството на граѓаните во политичкото и во општественото одлучување преку проширување и продлабочување на влијанието на граѓанското општество. Во рамките на овој проект МИМ работеше на зголемување на капацитетите и вештините за комуникација, како и на видливоста на повеќе од 130 невладини организации кои се вклучени во разни активности на Проектот, вклучувајќи и производство на медиумските стратегии, консултантски услуги и обука за различни аспекти на односите со јавноста, подобрување на внатрешната комуникација во рамките на организациите итн. Како дел од овој проект, МИМ  три години по ред ја организира годишната награда "Медиумска награда на граѓанското општество" која им се доделува на медиумите кои дале најголем придонес за промовирање и развој на граѓанскиот сектор.

ТВ Магазин “Контрафор“

Времетраење: 2002

Донатор: Амбасада на Велика Британија во Македонија, Центарот за мир и нови медиумите од Њујорк, Меѓународната организација за миграции

Опис: Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Британската амбасада во Скопје, Центарот за војна, мир и нови медиуми од Њујорк и Меѓународната организација за миграции, го спроведе проектот “ТВ Магазин Контрафор“. Во овој проект учествуваа седум телевизии од регионите погодени од конфликтот во 2001 година во Република Македонија.

Во рамките на проектот беа организирани работилници за новинарите и снимателите кои учествуваа во продукцијата на магазинот "Контрафор".

ТВ Магазинот опфати 12 епизоди, секоја во времетраење од 30 минути, кои беа фокусирани на локални теми интересни за локалното население без разлика на етничката припадност. Новинарите работеа во парови, еден новинар Албанец и еден Македонски во рамки на секоја епизода.

Проект “Парламентарни избори 2002“

Времетраење: 2002

Донатор: Irex Promedia-Macedonia

Опис: Во рамки на проектот беа спроведени следните активности:

  • Подготовка на програма за обука за “Известување за време на избори“
  • Еднонеделна обука за новинари посветена на известувањето за време на избори;
  • Предизборен новинарски караван. Караванот посети 6 града во Македонија, каде што беа организирани 6 тркалезни маси со новинари од локалните медиуми;

Тркалезна маса “Новинарите и парламентарните избори 2002“