Наградите се следните:
I. Награда: 30.000 денари
II. Награда: 20.000 денари
III. Награда: 10.000 денари
На конкурсот „Најдобра истражувачка сторија - 2008“, аплицираа 45 новинари и редакции со 60-тина истражувачки стории објавени во медумите во Македонија во текот на минатата година.
Наградата се доделува веќе осма година по ред и има цел да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во земјава. Годинава, доделувањето и организацијата на наградата, е целосно финансирано од Македонскиот институт за медиуми.
Медиумската промоција беше помогната од Дневник, Утрински весник, Нова Македонија, Време и Коха.
Покануваме екипа од Вашата редакција да го проследи овој настан.