На настанот воведни обраќања ќе имаат Јанко Николовски, претседател на Комисијата, Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за правда на Република Македонија и Андру Ки, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија.
Во рамките на конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од двегодишната имплементација на Проектот, а ќе биде промовирано и изданието „Три години од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: Примери од досегашната работа на Комисијата“.
Целта на Проектот беше, преку обуки, промотивни материјали и кампања, да се поддржи имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да се зајакнат капацитетите на јавната администрација за професионална комуникација со медиумите и со јавноста, заради зголемување на економската и политичката транспарентност и отчетност.
Проектот беше реализиран со финансиска поддршка на Британската амбасада во Македонија.