Завршна конференција за проектот Техничка поддршка за имплементација на Законот за слободен пристап до информации

Се чита за 0 мин.

Во организација на МИМ и на КОМСПИ, на 1 јули 2009 ќе се одржи завршна конференција со која ќе биде финализиран проектот „Поддршка за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“, што беше финансиски поддржан од Британската амбасада во Македонија.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од имплементацијата на проектот во изминативе две години, при што беа обучени над 900 лица од државните институции надлежни за посредување со информациите од јавен карактер, беше спроведена медиумска кампања за подигнување на јавната свест за примената на Законот, беа објавени неколку публикации, а се одржаа и неколку јавни настани и трибини на кои претставници на имателите на инфомации и на медиумите разговараа за искуствата од имплементацијата на Законот.