Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

Се чита за 1 мин.
 

На Школата постојат две додипломски насоки (3+1): за новинарство и за корпоративни корпорации и односи со јавноста. На студиските програми можат да се запишат по 40 студенти, што овозможува ефективна настава која ќе ја изведуваат врвни предавачи и реномирани практиканти. Високата школа нуди единствена програма создадена со помош на професори од Данската школа за медиуми и новинарство и од Универзитетот за применети науки од Вендесхејм, Холандија, кои се воедно и европски партнери на Високата школа. Благодарение на тоа, студентите ќе имаат можност да ги продолжат студиите во Данската школа и во Универзитетот во Холандија, а Високата школа ќе ги испраќа најдобрите студенти бесплатно еден семестар во Данска и во Холандија. Студиските програми се дизјанирани според методот „учење преку работа” и согласно потребите на пазарот. Програмите изобилуваат со практични вежби, работа на проекти и пракса во медиумите, во компаниите и во јавната адинистрација. Така студентите уште во текот на студиите, благодарение на соодветната пракса ќе бидат подготвени, веднаш, без дополнителни обуки, да започнат со работа во медиумите или соодветните компании и агенции за односи со јавноста.

 

Покрај редвните студии Високата школа за новинарство и односи со јавноста нуди можност и за вонредно студирање.

 

Кампања

 

Македонскиот институт за медуми во мај ја започна кампањата за Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Во 12 градови низ целата земја Високата школа им беше претставена на матурантите од 28 средни училишта. Локалните медиуми известуваа за презентациите по училиштата, а програмата и активностите на Школата во повеќето од медиумите беа претставени и во посебни емисии.