„Иако организациски преструктуирани, СЕЕНПМ успеа во последниот период да спроведе неколку мошне важни проекти, регионални истражувања, обуки и конференции, рече извршниот директор на СЕЕНПМ Шандор Орбан. Како резултат на својата активност СЕЕНПМ објави десет регионални истражувања, а 500 медиумски професионалци учествуваа конференции, обуки и тркалезни маси организирани од мрежата, подвлече Орбан.
На ова генерално собрание беа усвоени апликациите на Косовскиот медиумски институт и Истражувачкиот новинарски центар од Хрватска кои станаа нови членови на мрежата. На генералното собрание учествуваа 14 од вкупно 15 членки на мрежата, како и новопримените организации. Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е член на мрежата од основањето во 2001 година.