МИМ ја организираше меѓународната медиумска конференција "Известувањето на медиумите за состојбата на Косово"

Се чита за 1 мин.

а 16ти мај конференцијата ја отвори Министерот за образование и наука на Владата на Р.М. г-н Сулејман Рушити, кој им посака добредојде на странските и домашни учесници. Конференцијата започна со презентациите на Вилем Хоувен, директор на Косовскиот институт за новинарство и комуникации (Косово); Дубравка Валиќ - Недељковиќ, претседател на Новосадската школа за новинарство (Србија); Бошко Јакшиќ, колумнист на дневниот весник Политика (Србија) и Агрон Бајрами, главен уредник на Коха Диторе (Косово) на сесијата насловена Медиумите во Србија и Косово - Еден конфликт, две реалности.

Првиот ден од конференцијата продолжи со втората сесија Соседите и Косово - Влијанието на локалните политички ставови врз медиумското известување. Истражувачите од Црна Гора, Албанија и Македонија, Даниела Сеферовиќ, Илда Лондо и Марко Трошановски ги презентираа заклучоците од анализите на дневните весници во сопствените земји на теми поврзани со косовската ситуација. Овие истражувања заедно со уште осум други од земјите на југоисточна Европа ќе бидат објавени во книга како дел од проектот кој МИМ го спроведува зедно со СЕЕНПМ.

Вториот ден започна со сесијата Косово видено од регионалните и меѓународни медиуми. Во дебатата учествуваа голем број странски дописници, новинари, медиумски експерти од дваесетина европски земји. Габриел Партос, аналитичар за централна и југоисточна Европа (Велика Британија); Агњешка Скјетерска, новинар во дневниот весник Газета Виборча (Полска); Џузепе Закариа, известувач за Балкан за дневниот весник Ла Стампа (Италија); Горазд Ковачич од Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Теодора - Оливиа Василеску, автор на романското истражување (Романија) говореа на сесијата.

Конференцијата ја поддржаа: Балкан траст фонд; Конрад Аденауер штифтунг, Софија;
Амбасадата на Швајцарија, Скопје и ОБСЕ, Приштина.