Високата школа доделува три стипендии за Роми

Се чита за 0 мин.

 

Za%20vs 1Високата школа за новинарство и за односи со јавноста доделува три целосни стипендии за студенти Роми за додипломски студии во академската 2011/2012 година.

Стипендиите се доделуваат за редовни студенти на двете студиски програми: две за новинарство и една за корпоративни комуникации и односи со јавноста.

Конкурсот е отворен до 11 септември, а пријавените кандидати ќе имаат тестирање на 13 септември во Високата школа. За условите и критериумите за запишување, види го конкурсот кој што е во прилог.