Амбасадата на Соединетите Држави во Република Македонија ја огласува Програмата за професионално усовршување по новинарство и масовни комуникации во Соединетите Американски Држави во академската година 2011-2012.
Програмата ќе им овозможи на млади, како и на нешто поискусни, новинари и професионалци од областа на медиумите, кои се граѓани на Република Македонија, да ги усовршат своите вештини преку студирање и практична работа на водечки универзитети во САД. Стипендиите ќе бидат доделени на отворен конкурс, а апликантите ќе треба да дојдат на интервју во Амбасадата, со комисија формирана за таа цел.
Програмата за Професионално усовршување е замислена така да го поттикне професионализмот кај медиумите во Македонија преку испраќање на вработени новинари во Соединетите Држави за период од една академска година, каде тие ќе ги усовршуваат своите вештини по новинарство и масовни комуникации, што се неопходни за професионалците во медиумите да бидат компетитивни на современиот пазар на медиуми. Стипендистите на оваа програма ќе посетуваат настава на селектирани универзитети во САД, на кои тие ќе учат како се практикува новинарството во Соединетите Држави. Со оваа програма учесниците не се стекнуваат со звање. Тие ќе посетуваат курсеви, ќе имаат практична обука, ќе посетуваат локални медиуми, и ќе научат за животот во Соединетите Држави. Универзитетите ќе ја оформат програмата и обуката според индивидуалните потреби на учесниците.
Право да конкурираат имаат новинари и професионалци од областа на медиумите, кои имаат најмалку две години работно искуство со полно работно време. Предност ќе им се даде на апликанти со искуство помало од десет години.
Услови за аплицирање:
• Државјани на Република Македонија;
• Редовен работен однос со полно работно време во медиум во Македонија;
• Факултетска диплома
• Изјава, на една до две страници, во која апликантот ќе ги објасни своите цели во понатамошната кариера и причините за аплицирање на оваа програма;
• Примероци од два објавени новинарски прилози;
• Одобрување од претпоставените за учество на програмата;
• Две писма со препораки;
• Пополнет формулар со биографски податоци што може да се најде на http://www.facebook.com/l/72087Qx-n0ZClIQWq737hpdPLXg;skopje.usembassy.gov;
• Познавање на англискиот јазик доволно за изучување на предмети на универзитет во САД.
Нема да се прифатат апликации од лица со големо меѓународно искуство во образованието и оние кои моментално се на студии во САД.
Краен рок за аплицирање e 22 февруари 2011
Документите треба да се достават до:
Канцеларија за односи со јавност
Амбасада на САД
Самоилова 21
1000 Скопје
Доделувањето на стипендии зависи од расположивоста на средства по одредувањето на универзитет во САД. За дополнителни информации, јавете се во Канцеларијата за односои со јавноста на 310-2000 лок. 2144 или 2023.