Високата школа за новинарство и за односи со јавноста доделува 20 стипендии за матурантите

Се чита за 0 мин.

Logo Skolo 

 

 

 

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го започнува конкурсот за доделување стипендии „Изрази се преку медиумите“ за академската 2010/2011 година.

Конкурсот е на тема „Имам право да бидам различен“ и има за цел да ги поттикне матурантите да го кажат нивното мислење против каков било вид дискриминација користејќи ги медиумите.

Матурантите треба да понудат идеја за телевизиски прилог, видео клиппостер или фотографија.

Најдобрите идеи ќе се наградат со 10 целосни стипендии за насоката Новинарство и 10 делумни стипендии од 1.100 евра за насоката Односи со јавност.

Стипендиите ги доделуваат Високата школа, Советот на Европа, Европскиот центар за новинарство, Македонскиот институт за медиуми, дневните весници „Вест“, „Дневник“,„Утрински весник“ и „Нова Македонија“, телевизијата Алсат – М и радиото Канал 77

Најдобрите идеи ќе ги избере Комисија составена од предавачи на Високата школа и медиумски и професионалци за односи со јавноста.

Избраните кандидати ќе ги реализираат своите идеи со професионален тим и опрема на Високата школа.

Најдобрите трудови ќе се претстават на изложба којашто Високата школа ќе ја организира во текот на мај.

Телевизиските прилози и видео клиповите ќе се емитуваат на повеќе национални и локални телевизии, а фотографиите и постерите ќе се објават во дневните весници „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Нова Македонија“.

Конкурсот трае до 18 април. Повеќе за условите и други детали за конкурсот кликнете овде.

Високата школа го реализира конкурсот „Изрази се преку медиумите“ втора година по ред.