Конкурс за најдобар матурски проект „Изрази се преку медиумите“

Се чита за 1 мин.
 Поздравувајќи го проектот, Ерван Фуере, шеф на Мисијата на Европската комисија во Македонија рече дека овој проект ќе им овозможи на учениците да размислат што значи членството на земјата во ЕУ, но ќе придонесе и за зголемување на почитта кон слободата на медиумите.
 На конкурсот може да учествуваат матурантите од средните училишта во Македонија кои треба да понудат идеја за телевизиски прилог, телевизиски спот, постер или фотографија, на една од следниве теми: 

Зошто јас во ЕУ?

Република Македонија е во процес на интеграција во Европската унија. Матурантите се` поотворено се прашуваат каква е нивната состојба во споредба со младите во Европа, колку се слични и што носи европскиот животен стил. 

Деветти мај е за сите нас.

Денот на Европа – 9-ти мај се одбележува како ден на мирот и солидарност, и како симбол на создавањето на Европската унија. Овој датум се поистоветува со напредокот и развојот на европската заедница како мешавина од различни култури и вредности. 

Креативноста на мојата улица.

Европската унија ја одбележува 2009-тата како година на креативноста и иновацијата. Целта е да се поттикне талентот и творештвото кај младите преку приказна од нивното секојдневие.

Најдобрите три идеи во секоја категорија (ТВ прилог, ТВ спот, постер или фотографија) ќе бидат наградени со 12 целосни и делумни стипендии за првата година на Високата школа. Најдобрите идеи ќе ги избере Комисија составена од предавачи на Високата школа, медиумски професионалци и претставници на Мисијата на ЕУ.

Избраните кандидати ќе ги реализираат своите идеи со професионален тим и опрема на Високата школа.
Најдобрите трудови од сите категории ќе се претстават на изложба организирана од Високата школа и од Мисијата на ЕУ на 7 мај 2009 како дел од одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај.
Телевизиските прилози и спотови ќе се емитуваат на Телевизија А2 и повеќе локални телевизии, а фотографиите и постерите ќе се објават во дневниот весник „Дневник“.
Конкурсот е отворен од 23.02. до 23.03.2009 година.
Апликацијата за конкурсот, како и повеќе информации, може да се преземат од www.vs.edu.mk или директно во Високата школа.
Кандидатите треба да ја достават апликацијата на е-адреса info@vs.edu.mk или во печатена форма на адреса:

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

ул. „Јуриј Гагрин“ 17/1-1, Скопје

со назнака за Конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Проектот е поддржан од Македонскиот институт за медиуми, А2 Телевизија и Дневник.

Soopsteniedejan Lnd Thumb