Доделување на наградите за „Најдобра истражувачка сторија 2009“

Се чита за 0 мин.

На конкурсот годинава аплицираа 44 новинари со околу 70 истражувачки приказни објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година. Жири-комисијата во која членуваа Мирче Адамчевски, издавач на Порта 3 и претседател на УО на МИМ, Даниела Каневче, главен уредник на Првиот програмски сервис во Македонското радио, Зоран Бојаровски, уредник во ТВ Алфа, Сефер Тахири, уредник во ТВ Алсат и Весна Никодиноска, раководител на програми во МИМ, преку двостепен систем на селекција избраа три најдобри стории на кои ќе им бидат доделени првите три награди, а уште тројца автори ќе добијат пофалници заради нивната исклучителна ангажираност.   

Оваа награда се доделува традиционално по деветти пат, а целта е да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во земјава. И годинава организацијата на наградата е целосно финансирана од Македонскиот институт за медиуми и од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. 

Медиумската промоција за наградата беше помогната од дневните весници Дневник, Утрински весник, Нова Македонија, Време, Коха и Лајм.