Канал 5 телевизија – Најграѓански медиум во 2009 година

Се чита за 2 мин.

Добитници на наградите во останатите категории се телевизија Алфа, медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на национално ниво; телевизија Нова од Куманово, медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на локално ниво; и утринската емисија “Рано ден” на А1 телевизија,  добитник на наградата во категоријата програмски појас, емисија или рубрика во електронските или печатените медиуми, која најмногу придонесува за зајакнувањето и промовирањето на граѓанскиот сектор. Добитници на посебни признанија се информативната редакција на националната ТВ Алсат М, веб страницата Охрид Њуз (www.ohridnews.com.mk), како и Утрински весник за придонесот за промовирање на граѓанското општество во печатените медиуми.

Dsc 0190

Признанијата и наградите им беа врачени на добитниците на церемонијата која се одржа на 27 јануари 2010 во Музејот на град Скопје, на која присуствуваа уредници и истакнати новинари од македонските медиуми, претставници на граѓанските организации, претставници на државните институции,  амбасадори и други видни личности од јавниот живот, а на која говореа амбасадорот на САД во Република Македонија, Филип Рикер, директорката на Институтот за трајни заедници, Весна Стаменковска, и Билјана Петковска, извршен директор на МИМ. Говорејќи за значењето на оваа награда и за соработката помеѓу граѓанскиот сектор и медиумите, амбасадорот Рикер ја истакна важноста на постоењето на независни и објективни медиуми, како и потребата од едно активно и енергично граѓанско општествоОбете работи се од суштинско значење за постоењето на слободно и демократско општествоТие заедно работат со цел да ги надгледуваат активностите на владата, да ги стимулираат јавните дебати и да дадат свој удел во јавната политика, подвлече Рикер во својот говор на церемонијата.  Во име на добитниците благодарност до граѓанските организации изрази главниот и одговорен уредник на Канал 5, Лидија Богатинова. Ова ќе не поттикне и понатаму уште повеќе да ги отвориме вратите на Канал 5 телевизија за невладините организации, кои и досега беа добредојдени кај нас. Настојувавме и настојуваме нивниот глас да се чуе преку нашиот медиум, и ќе им помогнеме колку што можеме, рече Богатинова.

Dsc 0213

Во нивните образложенија за дадените гласови, поголемиот дел на граѓанските организации кои учествуваа во гласањето го поздравуваат зголеменото присуство на граѓанските организации на медиумските дебати посветени на прашања кои се значајни за граѓаните. Организациите го ценат тоа што националните медиуми ја користат експертизата на граѓанскиот сектор во информирање за различни проблеми и прашања во општеството, како и континуираното промовирање на граѓанскиот сектор во утринските програми од страна на националните приватни ТВ станици. Сепак, значителен број од организациите се уште истакнуваат дека информативните редакции во медиумите, особено едициите на вестите, посветуваат малку простор за информации поврзани со активностите и резултатите на граѓанските иницијативи, што претставува област каде што соработката помеѓу медиумите и граѓанските организации може да се подобри.  

Годишната медиумска награда на граѓанското општество се доделува четврта година по ред. Македонскиот институт за медиуми ја спроведува оваа иницијатива во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од УСАИД, а спроведуван од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), во кој членуваат и МИМ, Конект и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).  Проектот за зајакнување на граѓанското општество е пет годишна програма која има за цел да го направи граѓанскиот сектор во Македонија поефективен, повлијателен и постојан партнер на владата и на деловниот сектор во обликувањето на сегашноста и иднината на земјата.