Бесар Ликмета добитник на Наградата за исклучителни заслуги во истражувачкото новинарство

Се чита за 0 мин.

Жирито разгледуваше 26 пристигнати апликации од 12 земји-членки на ЦЕИ, при што беа земени предвид личните ризици во текот на работата, квалитетот на известувањето, како и општественото влијание на сторијата. Наградата му беше доделена на Ликмета со напомена дека со ова се промовира доброто истражувачко новинарство спроведено од млад новинар, како и дека се испраќа сигнал за поддршка на истражувачкото новинарство во Албанија, што е особено важно за оваа земја.

Наградата, во износ од 5.000 евра, ќе му биде врачена на Ликмета на традиционалниот Форум за новинарство на ЦЕИ, што ќе се одржи во септември во Варшава.  
 
Жирито реши да им додели дипломи и на Есад Хецимовиќ од Босна и Херцеговина, како и на Стефан Кандеа од Романија, како признание за особениот придонес кон истражувачкото новинарство.