МИМ ќе ги презентира првичните сознанија од медиумскиот мониторинг во предизборието

Се чита за 0 мин.

Прелиминарните резултати од мониторингот и од истражувањето ќе ги презентираат комуникологот проф. д-р Весна Шопар и раководителот на проектот Петрит Сарачини од МИМ.

Целта на медиумскиот мониторинг, кој беше спроведен во периодот од 8 до 20 март 2009, е да се идентификуваат моделите и формите на избор и презентирање информации за изборите од страна на медиумите. Финалниот исход од овој проект ќе биде продуцирање комплетен извештај, кој ќе ја вклучува анализата на медиумското истражување и препораки за натамошни активности.

На крајот на април 2009, финалниот извештај ќе биде претставен на тркалезна маса, на која ќе се отвори дебата за начините на подобрување на известувањето за изборите.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и од Балканскиот фонд за демократија (BTD/GMF).

За дополнителни информации:

(02) 30 90 004