Брисел бара независни медиуми

Се чита за 1 мин.

Dnevnik1 Според Дневник

Брисел бара независни медиуми

Европскиот парламент ја повика Македонија да обезбеди независни медиуми и да избегнува воспоставување тесни врски помеѓу комерцијалните телевизии и политички партии или политичари. ЕП се согласи и со барањето на еден бугарски пратеник дека треба да се изрази загриженост поради „недостигот од напредок во борбата против говорот на омраза против соседните држави особено во медиумите и образовниот систем“.

Оваа информација ја пренесува весникот Дневник во изданието oд 22 јануари, појаснувајќи дека ова се два амандмана кои ќе бидат дел од новата резолуција која го мина првиот гласачки филтер во Комисијата за надворешни работи на ЕП.

Како што известува Дневник, резолуцијата повикува на „независна и разновидна информација од радијата и телевизиите во кои мора да остане видлива различноста на мислења кои постојат во општеството, преку зачувување на уредничките слободи и преку избегнување тесни врски помеѓу комерцијалните телевизии и политички партии или политичари“. Според весникот, ЕП „изразува загриженост и поради големата финансиска зависност на весниците и телевизиите од владините реклами и приходот што тие го носат, што може да го наруши критичкиот новинарски пристап“. 

Во своето неодамнешно обраќање пред ЕП и европскиот амбасадор во Скопје Ерван Фуере ги прокоментирал медиумските слободи во Македонија. Како што објави Утрински весник на 21 јануари, Фуере смета дека проблемот е во тоа што „сопствениците на медиумите имаат многу блиски политички афилијации“, а наедно и советувал на Владата дека „ќе биде вистински победник само ако се создадат целосно независни медиуми, очигледно гледајќи го изворот на проблемот токму во неа.“  

За да ги прочитате вестите во целост одете на следните линкови: 

http://dnevnik.com.mk/?itemID=75AFA34B1C5FEA4C8E6AE4EE30F539CA&arc=1

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1ACAB6919AB70F49BD14CEFF828E5602