Би-Би-Си ќе му плати отштета на човекот чие апсење го снимала и го прикажала како да е криминалец

Се чита за 0 мин.

 

Мохамед Амар, забарски техничар од Лондон, ја тужеше британската јавна медиска компанија за „етикетирање во јавноста“ како да е криминалец и за повреда на приватноста, откако Би-Би-Си на својата програма прикажала како го апсат и како полицијата врши рација во неговата куќа, притоа снимајќи го и прикажувајќи го неговото лице и споменувајќи го неговото име и презиме.

Во телевизиската сторија Амар бил посочен како извршител на финансиска измама врзана за неговиот автомобил и таа била емитувана на два пати во јули 2008 година, иако Амар после само неколку часови поминати во полицијата бил ослободен, без да биде обвинет.

Адвокатот на Мохамед Амар изјави дека Би-Би-Си има сторено грешка, затоа што го прикажала како криминалец и крадец, без да има такво право пред тоа да се докаже и тој да биде обвинет и осуден.

Претставник на Би-Би-Си ја прифати вината за сторената повреда на личноста на Амар и се согласи и јавно да му се извини на интернет страницата на компанијата, како и на страниците во неделникот Радио Тајмс, каде емисијата била рекламирана и притоа била прикажана фотографија со неговиот лик. (Извор МИА)