Во делот на извештајот кој се однесува на земјите од Балканот, се вели дека економската криза дополнително ги нагласила проблемите на балканските медиуми, како користењето на медиумите за приватни и криминални интереси, нефер конкуренцијата на мошне мали пазари, како и самоцензурата на растечкиот број на слабоплатени новинари. „Судските службеници –повеќето од нив скромно обучени, во сојузништво со власта и честопати корумпирани – по се изгледа се повеќе заинтересирани за злоставување на медиумите, отколку за ставање крај на неказнивоста на оние, кои им се закануваат или физички ги напаѓаат новинарите. Ова е случај, на пример, во Босна и Херцеговина (58 место), Црна Гора (107), Албанија (96) и Македонија (94), која изгуби 40 % од нејзините медиуми со затворањето на Плус Продукција, компанија која поседуваше три дневни весници, и водечката приватна ТВ станица“, се вели во годинашниот извештај на Репортери без граници.
Изворна информација за индексот за слободата на печатот, на „Репортери без граници“, можете да добиете на следната веб страница:
http://en.rsf.org/press-freedom-index-2011-2012,1043.html