Акцискиот план – добра основа за решавање на проблемите во медиумската сфера

Се чита за 1 мин.

Општа констатација е дека Акциониот план претставува добар основ за адресирање постојните проблеми. За време на дискусиите, учесниците посочија конкретни забелешки за текстот, како и идеи и предлози за надополнување на планот. Тие ќе бидат земени предвид и вградени во финалниот текст, којшто треба да послужи како платформа на медиумската заедница во претстојните процеси за подобрување на состојбите во медиумската сфера. Во планот се посочени и конкретни принципи и чекори за решавање на овие прашања, кои предвидуваат суштинско и конструктивно вклучување на медиумската заедница во процесите кои се однесуваат на медиумската индустрија. Акциониот план, заедно со забелешките и заклучоците кои произлегоа од овој настан, а кои се однесуваат на прашањата во надлежност на државните институции,  ЗНМ ќе ги искористи во процесот на дијалог со Владата на Р. Македонија за решавање на приоритетните предизвици во областа на медиумите.

Клучни проблеми според дискутантите на настанот се лоцираат во неспроведувањето и селективното спроведување на законите, како и во нерегулираниот медиумски пазар, каде како проблеми се посочија недостатокот на критериуми и транспарентност во државното рекламирање, нелојалната конкуренција и концентрацијата, нетранспарентната работа на агенциите, недостатокот на еснафски асоцијации на маркетинг индустријата и сопствениците итн. Кај јавниот сервис се лоцираа проблеми во моделите на управување и финансирање, кои ја поткопуваат независноста на МРТ.  Саморегулацијата, реформирањето на наставните програми на високообразовните институции кои нудат новинарско образование, поттикнувањето на редакциите да создадат свои кодекси, како и заживувањето на медиумските школи и менторскиот систем внатре во редакциите, беа посочени како пристапи кои можат да го подигнат нивото на квалитет, професионалност и етичност во производството на медиумските содржини.  

Во воведниот дел, освен претставниците на организаторите, на присутните им се обратија и поддржувачите на оваа иницијатива, Н.Е Мариет Шурман, амбасадорка на Кралството Холандија во РМ,  и новинарите Роб Хеукелс и Роб Фреијсен, кои помогнаа во досегашното спроведување на иницијативата, а кои внимателно ја следеа целата дискусија на сесиите на конференцијата и изготвија предлог заклучоци и препораки кои ќе бидат инкорпорирани во планот.

 


{moocasa url="https://picasaweb.google.com/data/feed/base/user/117196877178514474988/albumid/5686299702990741761?alt=rss&kind=photo&hl=en_US"}