Компанијата Трибјун бара заштита од банкрот

Се чита за 0 мин.

34366930 Компанијата Трибјун, сопственик на неколку водечки американски дневни весници како "Чикаго трибјун", "Лос Анџелес тајмс" и повеќе од дваесет телевизиски канали, побара помош од државата во борба против банкротот кој им се заканува и тоа само една година откако тајкунот Сем Зел стана сопственик откако откупи поголем дел од компанијата за 8,2 милијарди долари. Компанијата Трибјун меѓу другото и сопственик на безбол тимот "Чикаго Кабс" кој на пазарот вреди неколку милијарди долари. Побараната помош од државата која ја бара компанијата изнесува околу 8 милијарди долари.