Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик

Се чита за 0 мин.

mp priracnik compressorКако дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Институтот за демократија и Бирото за развој на образованието, издаде Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик.

Овој прирачник има за цел да им помогне на наставниците да ги унапредат познавањата на учениците за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Намерата е учениците да се стекнат со способност критички да им пристапуваат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки коишто доаѓаат од различни извори – печатени и електронски медиуми, Интернет, реклами - што би им овозможило поангажирано да се вклучат во демократските процеси.
Прирачникот за медиумска писменост е достапен на македонски, албански, српски и турски јазик. Публикацијата содржи пет наставни единици и примери за секоја од нив, како и корисни идеи за наставниците како да ги организираат часовите со примена на принципите на медиумската писменост.

pdfПрирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик 3.01 MB

pdfDORACAK për arsimtarëpërparimi mësimor mediatik në lëndën e gjuhës amtare13.44 MB