Новости

Nis12

Конкурс за новинарска награда „Најдобра истражувачка сторија на годината - 2012“

Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда “Најдобра истражувачка сторија на годината“. Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во 2012, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријават добра истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или други редакции во Македонија.
Izjava.24d

Заедничка изјава на медиумските организации за инцидентот во Собрание

На 24 декември 2012 година, новинарите задолжени за известување за работата на Собранието на Република Македонија беа насилно протерани од галеријата и беа спречени да ја следат и да известуваат за парламентарната седница на која се расправаше за усвојување на државниот буџет за 2013 година. Овој настан (документиран на многу фотографии и видео материјали) претставува брутално прекршување на правото на новинарите да известуваат за прашања од јавен интерес.
Samoreg

Консултации со медиумската заедница за создавање Совет на етика

Медиумската саморегулација и основањето Совет за етика во медиумите се теми на повеќе тркалезни маси и консултативни средби со уредници и сопственици на медиуми, од кои дел веќе се одржаа во неколку градови низ Македонија. Овие активности се во рамки на проектот „Поддршка на процесот за основање Совет на етика во медиумите во Македонија“, што Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми ќе го спроведуваат до крајот на март годинава.
Kon6122012

По долго време, сопствениците и менаџерите дебатираа за медиумскиот бизнис

Четириесетина менаџери и сопственици на поголем дел од водечките национални и локални електронски и печатени медиуми во земјава, за првпат по долго време, седнаа на заедничка маса да разговараат за состојбите во медиумскиот бизнис. На конференцијата “Пазарот на медиуми во Македонија - трендови и перспективи”, што ја организираше МИМ на 6 декември 2012, се дискутираше за предизвиците и развојните стратегии, како и за создавањето услови за поуспешен развој на пазарот на медиуми во Македонија.
Studiska Poseta.slovenija

Уредници од Македонија на студиска посета во Словенија

Главни уредници од повеќе влијателните медиуми од земјава, како и претставници на институции од медиумската сфера, беа дел од студиската посета на Словенија, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми на 5 и 6 ноември 2012 година.
Logo Nastan2

Уредниците ќе дебатираат за предизвиците во редакцијата

Како, во трка со времето, да се менаџираат вестите на креативени ефикасен начин? Кои одговорности, знаења и вештини треба да ги поседува “совршениот” уредник? Што е доброто и лошото во социјалните медиуми? Дали постои независно новинарство? Ова се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на дводневниот Форум “Зајакнување на капацитетите и унапредување на позицијата на уредниците во медиумите во Македонија”, што ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2012 година, во хотелот “Арка” во Скопје.
Jean.monnet

Конкурс за наградата “Жан Моне“, пријавување до 8 ноември

Делегацијата на Европската Унија го отвори конкурсот за наградата “Жан Моне“, посветена на најдобрите достигнувања во покривањето на теми поврзани со ЕУ и со процесот на пристапување кон ЕУ. Годинешната награда, која се организира по десетти јубилеен пат, ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија. Рокот за пријавување трае до 8 ноември 2012 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 13 декември 2012г. Поопширни информации околу начинот и критериумите за пријавување можете да добиете на следниот линк.
Desktop4

Промоција на регионалниот портал “Точак“

Македонскиот институт за медиуми, на 26 септември 2012 (среда), во Клубот МКЦ, со почеток во 19 часот, ќе го претстави регионалниот портал Точак (www.tocak.org) - информативен медиум посветен на известување за важни теми за Ромите на Балканот.
Logo.aktiv

Веб платформата АКТИВ и официјално пред публиката

Македонскиот институт за медиуми, на 19 септември 2012г (среда), ќе ја промовира он-лајн платформата за граѓански активизам од областа на човековите и малцинските права - “АКТИВ“ (www.aktiv.org.mk). Промоцијата ќе се одржи во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот.