Новости

Press2

Реакција на МИМ за амандманите на медиумските закони

Со загриженост укажуваме на штетните последици од прифаќањето на амандманите со кои Агенцијата за медиуми добива ингеренции да ги контролира и печатените и интернет- медиумите, а приватните телевизии да се кофинансираат со средства од буџетот на државата. Со прифаќањето на овие решенија, Владата практично ја враќа првичната верзија на законот, со што потврдува дека јавните расправи и дискусии биле само фарса, со цел да се озакони целосната контрола врз медиумскиот систем во земјава.
Sloboda2

МИМ нема да учествува на утрешната расправа за законот за медиуми

Македонскиот институт за медиуми му честита на Министерството за информатичка технологија и јавна администрација на четвртиот нацрт на непотребната нова медиумска легислатива-општ закон за медиуми, и на упорноста да стави ред онаму каде што не е потребен, наместо онаму каде што се вистинските проблеми во медиумскиот простор. На пример: -Факт е дека Владата е најголем огласувач во електронските медиуми( извештај на СРД за економското работење на радиодифузерите во 2012); -Факт е дека владејачката партија бесплатно се рекламираше во најголемите национални и локални медиуми на последните избори (извештај од партијата доставен до Антикорупциската комисија). -Факт е дека во Македонија веќе три месеци се држи новинар во притвор поради напишан текст, и тоа пред 5 години; -Факт е дека се уште не е утврдена одговорност за прекршувачите на Уставот кои ги избркаа новинарите од Собранието на 24 декември минатата година. Потсетуваме дека овие и многу други проблеми, кои резултираат со катастрофален имиџ на Македонија во светот по прашањето на медиумски слободи и демократските стандарди, не се плод на немањето медиумска легислатива, туку на други проблеми за кои и министерот и другите релевантни чинители од институциите се запознаени од поодамна. Шминкањето на нацрт- закони, гаѓањето со драфтови, амандмани и писмени забелешки (дали одбиени дали прифатени) и заморувањето на стручната јавност, медиумската заедница и граѓаните со демек, јавна дебата, нема да ги поправи состојбите. МИМ досега најконструктивно и сериозно учествуваше во дебатата, со желба да придонесе во создавање медиумска легислатива со која ќе се подобрат медиумите и новинарството. И самите организиравме јавна расправа во соработка со претставниците на Советот на Европа, и поднесовме писмени забелешки на сите нацрт-верзии.Нашите суштински забелешки се игнорирани, а утре сме повторно поканети да дебатираме за нов, четврт текст на закон кој воопшто не е објавен. Напоменуваме дека, доколку не се земат предвид аргументираните и сериозни забелешки на предложената легислатива од домашната медиумската заедница и релевантните меѓународни институции, организации и експерти, доколку вниманието на институциите не се насочи онаму каде што се реалните проблеми, доколку не се престане со јавно етикетирање и омаловажување на сите кои аргументирано и критички го опсервираат овој процес, ние нема да учествуваме во оваа нацрт– фарса, пардон, фаза, и да го легитимираме овој процес во кој вистинскиот и стручен дијалог е заменет со козметика и маалски шеретлук.Скопје, 12 август, 2013                                       Македонски институт за медиуми
Med.ob1

Повик за истражувачки проекти поврзани со корупција и клиентелизам во медиумите од регионот

Центарот за независно новинарство од Будимпешта објавува повик за доделување грантови за истражувачки стории поврзани со корупција и клиентализам во медиумите од Југоисточна Европа, на кој може да аплицираат тимови новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.
Sloboda2

Став на медиумските организации за новата верзија на Нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Македонски институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми се незадоволни што Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не прифати ниту една суштинска забелешка за Нацрт законот за медиумите и аудиовизуелни медиумски услуги. Сметаме дека во новата верзија на нацрт законот има само козметички измени, кои суштински не ја подобруваат содржината на текстот на законот.
Samoreg

Конференција: Медиумска саморегулација – за одговорни и професионални медиуми

Утре, 30 април, претставници на медиумите ќе дискутираат за процесот на воспоставување на саморегулаторни механизми во медиумите во земјата, како дел од конференцијата „Медиумска саморегулација – за одговорни и професионални медиуми“, што ја организираат ЗНМ и МИМ во просториите на Стопанската комора, со почеток во 11 часот.
Injour2

До 3 мај пријавување за стипендиската програма “Новинарството во дигиталниот свет“

Меѓународната академија за новинарство – “Intajour“ доделува стипендии за новинари за десетмесечната програма “Новинарството во дигиталниот свет“, која ќе стартува на 31 август 2013 година. Во рамки на програмата предвидени се неколку студиски посети во Германија, како и електронско учење, што ќе им овозможи на новинарите да ги усовршат своите вештини од областа на истражувачкото новинарство, новинарските форми за претставување на Интернет, продукција на веб содржини, снимање и обработка на видеа за веб, Интернет политики, и етички стандарди во медиумите.
Nis2012

Сторијата „Вработувања по партиски список“ на ТВ Алфа е најдобрата истражувачка сторија во 2012 година

Новинарите на ТВ Алфа, Љубиша Арсиќ, Пандорче Антеска и Бојан Стојановски ја добија првата награда од конкурсот за Најдобра истражувачка сторија “Никола Младенов“, за серијалот прилози кои ја обелоденуваат практиката на вработувања во јавните претпријатија според однапред подготвени партиски списоци.
Nagrada W

Доделување на наградите од конкурсот за Најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“

На 11 април (четврток) 2013 година, во Клубот на новинарите, од 11:00 часот, МИМ ќе ги додели наградите од конкурсот за Најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“.
Nikola

Наградата за најдобра истражувачка сторија на МИМ ќе го носи името на Никола Младенов

Во знак на почит кон делото на прерано починатиот колега Никола Младенов  и неговиот огромен придонес за развојот на македонското новинарство, слободната мисла и демократијата во Р. Македонија, Македонскиот институт за медиуми одлучи Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината да го носи неговото име и да гласи - Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.