Новости

Una2

Новинари од Босна и Херцеговина правеа прилози за Ромите во Македонија

Тројца новинари од Босна и Херцеговина кои работат во различни медиуми,  беа во десетдневна посета на Македонија,каде ја остварија предвидената пракса  во ромската редакција на МТВ 2 и произведоа телевизиски прилози за емисијата на ромски јазик „Бијандипе“.
Sloboda2

Слободата на медиумите влошена, неопходни се суштински промени

Скопје, 3 мај, 2012 Меѓународниот ден на слободата на медиумите, 3ти мај, и годинава  во Македонија  се одбележува во услови на значително нарушени медиумски слободи.  Доказ за тоа се и забелешките и извештаите од бројни меѓународни организации, вклучувајќи го и последниот извештај на влијателната американска организација  Фридом хаус, според кој Македонија е рангирана последна  во регионот. Многу настани и случувања  за чија штетност предупредувавме и алармиравме во текот на изминатата  година ја формираа лошата слика за медиумите  во Македонија. Дел  од нив се:
Intajour

Конкурс за програмата “Новинарството во дигиталниот свет“ на Меѓународната академија за новинарство

Новинари од целиот свет, најдоцна до 7 мај 2012г, може да се пријават за програмата “Новинарството во дигиталниот свет“, што ја спроведува Меѓународната академија за новинарство, основана од Бертелсман (Bertelsmann). Програмата е наменета за новинари од земјите со ограничена или загрозена слобода на печатот. Учесниците во програмата ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини од областа на истражувачкото новинарство, новинарските форми за претставување на интернет, продукција на веб содржини, снимање и обработка на видеа за веб, интернет политики, и етичките стандарди во медиумите. Избраните кандидати ќе бидат дел од десетмесечната програма, која ќе стартува на 2 септември 2012 г, а ќе се реализира во Хамбург, Келн и Берлин.
I.storija

Сторијата „Списоци“ на А1 ТВ е најдобрата истражувачка сторија во 2011

Новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска ја добија првата награда на конкурсот на МИМ “Најдобра истражувачка сторија за 2011година“ за сторијата “Списоци“, објавена на А1 ТВ.   Втората награда ја освои новинарот Максим Ристески за серијалот текстови во врска со аферата “Тарбс“, објавени во дневниот весник „Капитал“, а третата награда ја делат Александар Динев, новинар на ТВ Сител, за прилозите на тема “Посвојување“, и новинарката на “Дневник“, Милена Атанасоска Манасиева за серијалот написи “Досие продажба на докторати и магистерски“.
Is2011a

Доделување на новинарските награди „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Македонскиот институт за медиуми, на 30 март (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, ќе ги додели наградите за „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година". На годинешниот конкурс се пријавија 22 автори со вкупно 146 текстови и ТВ прилози кои беа објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година. Наградата се доделува традиционално веќе единаесет години како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. И оваа година организацијата на наградата е целосно финансирана од Македонскиот институт за медиуми. Медиумската промоција за наградата беше помогната од дневните весници Дневник и Коха.
Klik1

“Клик“ - фото конкурс на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле, пријавување до 11 април

Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле ги поканува сите заинтересирани фото ентузијасти од целиот свет да учествуваат на меѓународниот фото конкурс “Клик“.  Се аплицира со фотографии кои прикажуваат ситуации поврзани со културата и образованието, или фотографии од проекти, акции и кампањи, кои се однесуваат на образованието и културната различност. Највпечатливите фотографии ќе се искористат за креирање на онлајн фото атлас, како и во публикациите на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле.
Is2011a

Конкурс за новинари “Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Истражувачкото новинарство е ударната сила на медиумите и на новинарите со која тие треба да ги штитат демократските процеси и јавниот интерес. Добрите истражувачки стории претставуваат врв во професионалните достигнувања на новинарите. Тие ја откриваат и користат вистината, со цел да го променат светот кон подобро и да поттикнат поодговорно однесување на институциите и на поединците кои се дел од нив. Како дел од постојаните заложби и напори за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјата, и оваа година, по единаесетти пат, Македонскиот институт за медиуми го објавува конкурсот за доделување на престижната новинарска награда: “НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ГОДИНАТА” Ги покануваме сите професионални новинари и редакции во Македонија да се пријават со една или повеќе истражувачки стории што ги објавиле во текот на 2011 година. Критериумите за оценување на квалитетот на сториите се достапни овде.
Birn

Во тек е пријавувањето за Балканските стипендии за истакнато новинарство

Новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Србија и Косово, најдоцна до 5 март 2012 година, можат да се пријават на конкурсот за Балкански стипендии за истакнато новинарство, што ги доделува „Балканската истражувачка мрежа” (BIRN) во соработка со фондацијата Роберт Бош (Robert Bosch) и ERSTE Фондацијата. Тема на шестото издание на оваа стипендирана програма се заедниците. Заинтересираните кандидати ќе треба да ги истражуваат различните заедници - политички, економски, национални, родови, генерациски, како и, односите меѓу нив, надворешните влијанија и развојот на сосема нови групи и фракции во општеството. Сториите треба опфатат појави кои се релевантни, важни и оригинални, и кои се од значење не само за матичната земја туку и за најмалку уште една земја од регионот и од Европската унија.
Rbs Logo

Конкурс за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, пријавување до 4 март

Новинари од Балканот кои покриваат политички и економски прашања, најдоцна до 4 март 2012г, може да конкурираат за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, која ја спроведуваат фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс. Поттикнувањето на квалитетното аналитичко новинарство и на известувањето за економските прашања, покривањето теми кои се централни за регионалниот и политичкиот развој, како и охрабрување на регионалната соработка меѓу новинарите, претставува главна цел на оваа програма која е започната во 2007г.