Доделени наградите од конкурсот „Никола Младенов“ за најдобрите истражувачки стории во 2014

Се чита за 1 мин.

Денеска МИМ ги додели наградите од конкурсот „Никола Младенов“за најдобрите истражувачки стории во 2014 година. Добитник на првата награда е Љубиша Арсиќ за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“, објавени во неделникот „Фокус“.

Втората награда ја доби Соња Колевска-Делевска за серијалот истражувачки текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“, објавени во дневниот весник „Вест“.

Третонаградени се новинарите Владо Апостолов, Сашка Цветковска и Нела Лазаревиќ за сторијата „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции“, што е дел од заедничкото истражување на БИРН и ТВ Нова.

Комисијата одлучи да додели две пофалници за истакнат новинарски ангажман на Валентина Стојанчевска за сторијата „Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор“, објавена во неделникот „Фокус“ и на Марија Митевска за сторијата „Земјиштата продадени, хотелите неизградени“ објавена на веб-страницата www.prizma.birn.eu.com

Комисијата додели и признание на Жаклина Хаџи-Зафирова, Владимир Калински и Влатко Стојановски кои ја истражувале актуелно горливата тема „Загадувањето на воздухот во Македонија“.

Деталниот извештај на комисијата која ги разгледуваше пријавените стории е достапен овде

1. Серијал истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши:

Афера „Афис“: Невешт криминал или вешта изборна измама

Досие „Афис“: Обвинителството решава дали ќе ја гони владата

Обвинителката чека „пас“ од Јанкулоска да го гони криминалот во МВР

Тајна фабрика за рачна изработка на пасоши! Дали биле користени за избори?

МВР ги девалвира доказите и ја спречува истрагата

Зошто МВР не сака да знае кои се лицата од патните исправи?

2. Серијал истражувачки текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“.
3. Сторија за „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции“.