Доделување на новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Се чита за 0 мин.

Утре (25 март), Македонскиот институт за медиуми ќе ја додели новинарската награда “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Доделувањето ќе се одржи во Клубот на новинарите, со почеток во 11:30 часот.

На годинешниот конкурс се пријавија 21 автор, со вкупно 29 стории обработени во 91 текст/прилог, кои беа објавени во дневните весници и Интернет портали.

Наградата се доделува традиционално по тринаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Медиумската промоција за конкурсот беше помогната од дневните весници „Утрински весник“, „Слободен печат“ и „Коха“.